Акредитацијата е предизвик кој ќе го стимулира здравствениот сектор да размислува за својата улогата, своите одговорности и нивно реализирање, ќе го стимулира квалитетот и подобрувањето на перформансите на здравствениот сектор.

Согласно член 14 од Законот за јавно здравје обезбедувањето на квалитет во вршењето на работите и активностите предвидени за Центрите за јавно здравје се врши преку изготвување и почитување на усогласени професионали стандарди и упатства, континуиран професионален развој на кадарот, акредитација на лабораториите и внатрешен надзор над стручната работа.

Овие стандарди се базираат на системи за менаџирање на квалитетот при што пред менаџерите на ЦЈЗ се поставуваат прашањето за стратегија на управување со организацијата според барањето на овие стандарди и интеграцијата на овие системи во една целина, како интегриран менаџерски систем на TQM (total quality management- целосна контрола на квалитетот).

Токму поради тоа, ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола постојано вложува во проширување на обемот на акредитација. Бројот на акредитирани методи во 2009г. изнесува 5 методи, а во јануари 2013г.-28 методи.

Во периодот помеѓу две реакредитации, секоја година оценувачка комисија од Институтот за акредитација на РМ спроведува надзор на примената на стандардот ISO/IEC 17025.

 

 

  • ISO 9001:2000 (2008 година) Стандард за управувaње со квалитет
  • ISO/IEC 17025 (2009 година) Акредитација на лаборатории за санитарна микробиологија и санитарна хемија со токсикологија
  • Реакредитација 20.02.2013-19.02.2017 година
  • Број на акредитација LT-013
  • Институт за акредитација на РМ http://iarm.gov.mk/files/Akreditirani-tela/Laboratorii/OB05-25_LT-013.pdf