Почитувани,
По повод Светскиот ден на контрацепција 2011 год, Центар за јавно здравје Битола се вклучува во одбележување на денот, преку здравствено - воспитни предавања на тема Контрацепција.
Во прилог можете да ја превземете презентацијата Контрацепција.pps
ПРИРОДНИ МЕТОДИ ЗА КОНТРАЦЕПЦИЈА
Природните методи на контрацепција се засниваат на воздржување(апстиненција) од полови односи во време на плодните денови на циклусот.
Што е и како делува?
Природните контрацептивни методи се засниваат на пратење на времето на овулација. Потребна е подучување од стручни лица и самоконтрола на двата партнери како и добро познавање и редовност на менструалниот циклус. Методата се карактеризира со мала успешност и не се препорачува на адолесценти.
Ефективност: 92-94%
Индикатори:
-базална температура
-пратење на цервикална слуз (Биллингсова метода)
-календарска или ритмичка метод (Огино-Кнаусова метода)
Плодни денови: Овој период опфаќа 4 дена пред овулацијата и 3 дена по овулација
Базална температура: Температурата на телото расте после овулација. Ако ја мерите базалната температура (температура одма после будење) секое утро после станување, секогаш во исто време (најдобро в уста), ќе се знае кога се случува овулацијата.
Пред мерењето жената мора да спие најмалку 6 сати и несмее да зема средства за спиење.
При уреден менструален циклус разликуваме две фази. Во првата фаза базалната температура е пониска (под 36,6С). Во втората фаза, по овулацијата, базалната телесна температура е повисока за 0,2 до1,0 С (36,6-37,2 С )
Покачувањето на нивото на прогестерон, непосредно после овулацијата, ќе ја зголеми телесната температура за 0.5 до 1.0 С и таа ќе остане така зголемена во текот на целата втора половина на овулацискиот циклус. Овулацијата се случува 1-2 дена пред скок на температурата па се одредува ретроградно. Промената на температурата укажува на плодни денови. Неплодниот период почнува по третиот ден со континуирано покачена телесна температура.
Пратење на цервикалната слуз: За време на менструацијата се јавуваат промени во количеството на цервикална слуз.Таквите промени предизвикуваат осет на сувост или влажност во вагината. На почетокот и на крајот на циклусот, пред и после менструацијата, слуз нема или е оскудна. Слузта е густа, леплива и матна. Неколку дена пред овулацијата се создава повеќе слуз, обилна е и станува бистра, еластична и растеглива. По овулацијата, за неколку дена, слузта станува по густа леплива и матна па исчезнува. Плодните денови траат цело време кога слузта е обилна, бистра и еластична, 5 дена пред и 3 дена по овулацијата. Се препорачува апстиненција од појава на првите знаци на слуз по менструацијата до 4 дена по најголема еластичност на слузта.
Календарска или ритмична метода
Огино заклучил дека втората фаза на циклусот,фазата после овулацијата е стабилна и овулацијата му предходи на следната менструација секогаш 12-16 дена. Треба да се следи должината на циклусот во тек на 12 месеци и треба да се одреди најкраток и најдолг циклус. Не се препорачува на жени со нередовни циклуси. Према Кнаус првиот плоден ден се пресметува по формула најкраток менструален циклус(НКЦ) во денови-(минус) 17. Последниот плоден ден се пресметува по формула најдолг менструален циклус(НДМ) во денови - (минус) 13.(Пр:Ако е НКЦ 26 дена а НДЦ 32 дена плодни денови се од 9-19 ден)
МЕХАНИЧКА КОНТРАЦЕПЦИЈА
Спермицидни средства
Се вбројуваат крема,гел,супозитории,вагинални таблети......
Спермицидите се хемиски средства кои ги инактивираат или ги убиваат сперматозоидите.
Ефективност - Со оглед на тоа дека контрацептивното дејство им е многу мало, секогаш се употребуваат во комбинација со други контрацептивни средства, на пример:дијафрагма или кондом. Се ставаат во вагината со апликатор пред половиот однос (може и еден час пред полов однос).
Несакани појави: локална иритација поради осетливост или алергија
Цервикални капици и дијафрагми
Тоа се вагинални бариерни средства, т.е.гумени капици кои се појачани со еластичен прстен.Се ставаат во вагината заедно со спермицидно средство пред половиот однос и го покриваат вратот на матката. Делуваат така што спречуваат влегување на сперматозоидите во матката, а спермицидното средство ги инактивира спермиумите. Заедно делуваат механички и хемиски.
Се поставуваат секогаш пред полов однос. Спермицидот се нанесува на дијафрагмата или капата , која потоа се внесува во вагината и го прекрива вратот на матката. Ако е вметната 3 часа пред половиот однос треба додатно да се користи спермицидно средство. Цервикалната капа или дијафрагмата треба да се стават најмногу 6 сати пред половиот однос а остават 6- 8 часа по половиот односот, во телото. Потоа внимателно да се извади, да се измие и да се чува.
Ефективност: Зависи од тоа колку внимателно се користат.92-96%.
Предности : Се користи само кога сакаш да имаш секс ,во било кое време
- Нема озбилни здравствени ризици
-Контрола од лекар после почетниот преглед не е потребна
-Мооже да се користи неколку години
-Смалува ризик од настанување на рак на грлото на матката
-Делумно штити од од некои полово преносливи болести
Недостатоци:
-Иритација
-Потребно е време и пракса да би се научило правилно ракување
Кој и кога нетреба да користат цервикални капици и дијафрагми?
-жени по 6-12 недели од бременост
-жени со чести уринарни инфекции
-не се користи за првиот сексуален однос
Како може да се купат цервикални капици и дијафрагми?
Само со препорака на гинеколог зошто тој одредува точна мерка која му одговара на жената. Не треба лекар за ставање на капицата
Презерватив(кондом)
Контрацептивно средство кое го запираат продорот на сперматозоидите до јајце клетката по механички пат и спаѓаат во механички методи на контрацепција.Се работи за тенок латекс или силикон. Може да е машки или женски
Ефективност зависи од тоа колку внимателно се употребува.до 98%.
Да се користи при секој близок генитален контакт се до ејакулација, тогаш се вади внимателно
Предности
-Сигурни се и ефикасни
-Се користитите само за време на полов однос
-Штитат од полово преносливи болести
-Ефтини се и не го загрозуваат здравјето
Недостатоци
-лесно се оштетуваат со нокти или со накит
-неправилно ракување води до слизнување
Кондомот за жени(фемидом) Има облик на црево кое на двата краја има гумен прстен.Едниот прстен се прицврстува за цервиксот а другиот кој останува надвор од вагината ги штити надворешните гениталии на жената од инфекции
Правилна употреба на презервативи
-се става само кога е машкиот полов орган во ерекција, пред контакт со вагиналното подрачје
-при отворање и ставање на презервативот пазете да не го скините
-вишокот на воздух во презервативот може да предизвика негово пукање
-при однос да пазите кондомот да остане на свое место, ако испадне да се стави нов
-при секој полов однос се користи нов презерватив
-да се внимава на рокот на употреба и на квалитетот на презервативот
-квалитетен презерватив е од латекс, навлажнет, премачкан, електронски тестиран
-да се чуваат на ладно и суво место,надвор од директен контакт со сончева светлина
-да не се користат премази на база на масло зошто тие можат да го оштетат
Одлуката да се употреби кондом незначи недостиг на доверба, туку укажува на вашата грижа за партнерот и за вас самите.
ХОРМОНСКА КОНТРАЦЕПЦИЈА
Контрацептивни таблети- содржат комбинација на естрогени или гестагени
Естрогенско-гестагенски таблети- Механизм на дејство им е инхибиција на овулација. Се применуваат 21 ден а потоа следи 7 дена пауза кога настапува крварење слично на менструално. Имаат индикации и за лекување на акни, состојби со повишени машки полови хормони, обилни менструални крварења, менструални грчеви и сл.
Гестагенски таблети -Не инхибираат овулација,туку ја згрушаваат цервикалната слуз и така не пропуштаат сперматозоиди, оневозможуваат имплантација во слузокожата на матката, смалува подвижност на јајоводи и тие неможат да го прифатат јајцето по овулацијата. Се користат континуирно без пауза. Водат до неправилни крварења
Контрацептивни фластери
Имплантати
Интраутерина контрацепција - IUU (intrauterine device-IUD, спирала) градени од пластика. необложени, обложни(бакарни или пластични), хормонски.
Подготвил: Д-р Марија Врчковска - Специјалист по социјална медицина