Create your own web pages in minutes...
Национално истражување за исхраната во Македонија
30.09.2010
Работно време:
Понеделник-Петок 7.30-16.30ч
Микробиолошка служба
Пон-Пет 7.30.-16ч
ЈКП "Комуналец" Демир Хисар
Министерството за здравство во соработка со Институтот за Јавно здравје и Центрите за Јавно здравје меѓу кои и Центарот за Јавно здравје од Битола, спроведуваат национално истражување за навиките на исхрана меѓу населението, како и проценка на степенот на раст и развој кај деца помали од 5 години и жени на возраст од 15 до 49 години.
Центарот за Јавно здравје - Битола истражувањето го спроведува во Пелагонискиот и Југозападниот регион, во општина Битола, општина Ресен, општина Демир Хисар и општина Кичево. Два лекарски тима составени од лекар специјалист по хигиена и медицински техничар ќе посетат вкупно 730 домаќинства. При посетата испитаниците ќе бидат анкетирани за навиките на исхрана и нивното здравје, ќе им биде измерена телесната тежина и висина/должина за проверка на степенот на исхранетоста и ќе им биде земен примерок на крв од прстот за проверка на слабокрвност или анемии.
По направените прегледи, лекарските тимови ќе овозможат бесплатно советување за подобрување на навиките за исхрана.
Податоците кои Министерството за здравство ќе ги добие од ова национално истражување ќе овозможат креирање на соодветни здравствено едукативни програми за подобрување на навиките на исхрана кај населението и подобрување на степенот на исхранетоста.
Подготвил: Д-р Емилија Богоевска
Адреса: ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола
ул.Партизанска бб Битола тел: 047 208-100 факс: 047 253-609 - седиште Битола
Одделение за превентиван здравствена заштита Кичево
тел: 045 225158; 045 222922
Одделение за превентиван здравствена заштита Ресен
тел: 047 452922