ИМУНИЗАЦИЈА СО ВАКЦИНА ПРОТИВ
СЕЗОНСКИ ГРИП (ИНФЛУЕНЦА тип А и Б)

14.10.2011
Create your own web pages in minutes...
ДЕЈНОСТИ

ПРИЈАТЕЛИ НА УСТАНОВАТА


ЈП "Водовод" Битола

ЈП "Комуналец" Кичево

ЈП "Пролетер" Ресен

ЈКП "Комуналец" Демир Хисар
АКТУЕЛНО: Започнувајќи од 14.10.2011год во Центар за јавно здравје Битола започна вакцинацијата за сезински грип. Вакцината е од француско производство на фирмата Sanofi Pasteur и вакцинацијата се однесува на сите возрасни групи.

Вакцината се употребува за активна имунизација и профилакса на епидемичен грип предизвикан од  соевите А и Б и особено се наглаасува кај лица со зголемен ризик за заболување од грип и можни компликации од грип и тоа:

  • лица со и над 65 годишна возраст;
  • возрасни и деца со хронични заболувања на белодробниот или кардиоваскуларниот систем, вклучувајки и деца заболени од астма;
  • возрасни и деца на кои им е потребен постојан медицински третман или хоспитализирање заради хронични метаболни болести (дијабетес мелитус), цистична фиброза, ренални пореметувања, имуносупресии итн.;
  • лица со трансплантати и болни од АИДС;
  • лекари, медицински сестри, персонал во болници и останати јавни служби кои доагаат во контакт со лица со зголемен ризик од грип.

Во согласност со препораките на СЗО, вакцинацијата против грип  се врши во месеците октомври и ноември, заради навремено стекнување на отпорност на организмот пред појавата на сезонскиот грип.
Превентивните мерки кои се преземаат против ова заболување се вообичаени општи мерки, како и за другите вирусни респираторни инфекции: пиење топли напитоци, витамини, избегнување контакт со заболени


ВАКЦИНАТА НЕ ТРЕБА ДА ЈА ПРИМААТ!:
  • лица алергични на јајца и пилешки протеини;
  • лица со покачена температура или акутна инфекција;
  • бремени во првиот триместар од бременоста.

Вакцинацијата се спроведува во просториите на Центар за јавно здравје - Битола секој работен ден почнувајки од 14.10.2011 во терминот од 7.30ч. до 18.00ч како и во саботите во предпладневна смена. Вакцините се регуларно регистрирани и Министерството за здравство гарантира за нивниот квалитет.
Вакцинацијата чини 400 денари.

За повеќе информации на тел. 047 208 100 или повелете во "Центар за јавно здравје - Битола" 


Bitola, Macedonia Current Weather

Адреса: ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола
ул.Партизанска бб Битола   тел: 047 208-100   факс: 047 253-609 - седиште Битола

Одделение за превентиван здравствена заштита Кичево
тел: 045 225158;  045 222922

Одделение за превентиван здравствена заштита Ресен
тел: 047 452922
Ó 2007 Web Design A.Bogoevski  Сите податоци објавени на интернет страната се сопственост на ЦЈЗ-Битола.Авторските права се заштитени
Работно време:
Понеделник-Петок 7.30-16.30ч

Микробиолошка служба
Пон-Пет 7.30.-16ч