Create your own web pages in minutes...
Во интерес на нашите клиенти - корисници на наши услуги, а за подобра реализација на наплатата на извршените услуги, ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола нуди можност за склучување на Договори за деловна соработка.
Со договорите се утврдува предметот на договорот (кои анализи и услуги ќе се вршат), нивниот обем, начин и рок на реализација на договорот, како и начинот на плаќање. За сите оние кои склучиле Договор со ЈЗУ ЦЈЗ-Битола, а во зависност од видот и обемот на соработка, што влијае на висината на договорените износи, ЈЗУ ЦЈЗ Битола дава договорни попусти, кои се движат од 10 до 30% од редовните цени.
Затоа, доколку сте постоечки корисник на наши услуги како што се:
- санитарни прегледи,
- хемиски и бактериолошки анализи на храна или вода за пиење,
- анализи за квалитет и детекција на присуство на тешки метали во храна, накои пестициди и микотоксини во храна,
- хемиски анализи на предмети за општа употреба,
- брисеви од работни површини, опрема и прибор за јадење,
- контролa на стерилизатор,
- дезинфекција,
- дезинсекција,
- дератизација и др.
и истите се во поголем обем или често ги користите нашите услуги, Ви препорачуваме да склучите Договор за соработка со нашата институција , со утврден попуст.
За подетални информации обратете се на телефон 047 208 113 или на
e-mail: zzzbt@t-home.mk
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА
ТЕЛ. 047 208-113
Адреса: ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола
ул.Партизанска бб Битола тел: 047 208-100 факс: 047 253-609 - седиште Битола
Одделение за превентиван здравствена заштита Кичево
тел: 045 225158; 045 222922
Одделение за превентиван здравствена заштита Ресен
тел: 047 452922
Работно време:
Понеделник-Петок 7.30-16.30ч
Микробиолошка служба
Пон-Пет 7.30.-16ч