По повод Светскиот ден на здравјето и Светскиот ден на контрацепцијата 26.09 2010год, беа превземени следните активности :
1.На 23.09 2010год, во Центарот за Јавно Здравје Битола беа поканети медиумите.Беше дадена изјава за значењето на здравото срце,сексуалното здравје и контрацепцијата. Беа информирани за активностите на подрачјето на општина Битола. Беше промовирано и отпочнувањето со работа на советувалиштето за репродуктивно здравје во просториите на Центарот за Јавно Здравје Битола
2.На 24.09 2010 год, во СУЦ "Таки Даскалот" Битола од 12-14 часот беше одржана средба со учениците од прва и втора година. Истата ја реализираа др.Елизабета Чипуровска ,спец.по гинекологија и акушерство и др.Марија Врчковска, спец. по социјална медицина:
- Се одржа предавање на тема "Контрацепција"
-Беше промовирано и отпочнувањето со работа на советувалиштето за репродуктивно здравје во просториите на Центарот за Јавно Здравје Битола, и неговото значење за младите на кои им е потребен совет или контрацептивно средство.
-Беше спроведено анкетирање за тоа што мислат младите за постоење на едно вакво советувалиште, колу тоа може да помогне и начинот на кој може да се дојде во него.
-Беа поделени флаери,брошури и кондоми на што младите позитивно реагираа.
3.На 25 .09 2010 год на плоштадот "Магнолија" во Битола, 10-15 часот во организација на Центарот за Јавно Здравје Битола, организира поставување на штанд на кој граѓаните можеа да добијат бесплатно одредување на шеќер и холестерол во крвта,одредување на висиа на крвен притисок,лекарски совети, пропаганден материјал, брошури, флаери и контрацептивни средства . Истите од страна на млади волонтери беа делени на граѓаните по Широк Сокак Битола.
4. На 26 .09 2010 год од 20-22 часот со помош на млади доброволни лица реализирано е делење на флаери, брошури и кондоми на млади случајни минувачи во Битола,и истовремено се промовираш почнувањето со работа на советувалиштето за репродуктивно здравје.