Create your own web pages in minutes...
ДЕЈНОСТИ

ШТО ПРЕТСТАВУВА УВ ИНДЕКСОТ И КАКО СЕ ОПРЕДЕЛУВА
16.06.2009
ПРИЈАТЕЛИ НА УСТАНОВАТА


ЈП "Водовод" Битола

ЈП "Комуналец" Кичево

ЈП "Пролетер" Ресен

ЈКП "Комуналец" Демир Хисар
Што претставува УВ индекс?
       УВ индексот претставува меѓународен стандард за мерење на јачината на ултравиолетовите (УВ) зраци од сонцето на одредено место во одреден ден. Тоа е скала која првенствено се користи во секојдневната прогноза наменето за широката јавност. Неговата намена е да на луѓето им помогне како по правилно да се заштитат од прекумерната изложеност на УВ зраците и последиците како изгореници на кожата, оштетување на очите, забрзано стареење на кожата како и појава на одредени видови на рак на кожата. Се препорачува заштита на луѓето кога индексот на УВ 3 или повеќе, со користење на заштитни креми за сончање, носење на капи, очила за сонце со УВ заштита итн.
       Индекс од 0 одговара на нула УВ зрачење, како што е во текот на ноќта. Додека индекс 10 одговара на пладневно сонце, при ведро небо, додека вредности над 11 УВ индекс се застапени во предели каде постојат озонски дупки. Бројката се однесува на количеството на УВ зрачење кое допира до површината на земјата, мерен во единица W/m2, но односот не е едноставен бидејќи УВ зраците не се хомогени во спектарот. Значи УВ индексот не може да се свати како физичка мерна единица, туку е практична вредност која ја покажува веројатноста на оштетување на кожата. Најавената прогноза за УВ индекс всушност претставува интензитет на УВ зраците кога сонцето ќе биде највисоко на небото значи во пладневните часови, од прилика 2 часа пред и 2 часа после пладне. Како мерило за осетливоста на кожата кон УВ зраците се зема за основа светлиот тен кој е најосетлив на УВ зраците, и најлесно зацрвенува. Бидејќи УВ скалата не е линарна туку логаритамска, не важи стриктно правилото дека времето на изложување на УВ зрачење и наведениот УВ индекс се во пропорционална корелација со оштетувањето на кожата. Значи доколку се изложувате на УВ индекс од 10, еден час, само од прилика одговара на два часа изложеност на УВ индекс од 5.

Како се пресметува УВ индекс?
       Ултравиолетовите зраци имаат бранова должина од 100-400nm. Врз основа на брановата должина се поделени на УВ-А (315-400nm), УВ-Б (280-315nm), УВ-Ц (100-280nm). Како што сончевата светлост поминува низ атмосверата, најголемиот дел преку 90% од УВ-Ц бива абсорбиран од страна на озонот, водената пареа, кислородот и јаглеродниот диоксид. Помал дел од УВ-А исто така бива абсорбиран. Така да до површината на земјата стигаат воглавно УВ-А и УВ-Б помал дел.
       Секоја бранова должина од УВ спектарот не предизвикува исто оштетување и биолошки ефект на организмите, па затоа научниците развиле средство за одделно мерење на интензитетот на зрачење на УВ зраците со различни бранови должини, и пресметување на потенцијалниот ризик врз организмите.
       УВ зраците со бранова должина од 295nm имаат многу поголемо штетно влијание отколку УВ зраците со 305nm, или УВ зраците со 325nm бранова должина. Но УВ зраците со поголема бранова должина се позастапени во снопот на УВ зраци кои паѓаат на земјината површина. Така математички пресметано брановите со средна бранова должина од 305nm завземаат најголем дел во вкупниот биолошки ефект кој УВ зраците го причинуваат на организмите, иако вкупниот биолошки ефект го сочинуваат збирот од секоја пооделна бранова должина. На крајот УВ индексот се пресметува кога збирот се дели со фактор 25 и се заокружува на пониската вредност.

UV Index
Опис
Препорака за заштита
0-2
Нема опасност за просечна особа
Носете очила за сонце и крем за сончање само доколку има снег или имате екстремно осетлива кожа.
3-5
Мал ризик доколку се изложувате на сонце  незаштитени
Носете очила за сонце и крем за сончање, покривајте го телото со облека и капа, избегнувајте ги пладневните часови.
6-7
Голем ризик доколку се изложувате на сонце  незаштитени
Носете очила за сонце и употребувајте крема за сончање со SPF 15 или поголем, покривајте го телото со облека и широка капа, и избегнувајте го периодот на сончање од 10-17 часот.
8-10
Многу голем ризик доколку се изложувате на сонце  незаштитени
Носете облека, широка капа, користете очила и  крема за сончање. Не изложувајте се на сонце подолго од 45 мин.
11 +
Екстремно голем ризик доколку се изложувате на сонце  незаштитени
Превземете ги сите мерки на претпазливост, вклучувајќи носење очила за сонце, широка капа, употреба на крем за сончање, заштита на телото со облека по долги ракави и долги пантолони,  и избегнувајте го периодот на сончање од 10-17 часот.
Подготвил: Е.Богоевска
Сакате да ја проверите прогнозата за УВ индексот? Кликнете тука


Bitola, Macedonia Current Weather

Адреса: ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола
ул.Партизанска бб Битола   тел: 047 208-100   факс: 047 253-609 - седиште Битола

Одделение за превентиван здравствена заштита Кичево
тел: 045 225158;  045 222922

Одделение за превентиван здравствена заштита Ресен
тел: 047 452922
Ó 2007 Web Design A.Bogoevski  Сите податоци објавени на интернет страната се сопственост на ЦЈЗ-Битола.Авторските права се заштитени
Работно време:
Понеделник-Петок 7.30-16.30ч

Микробиолошка служба
Пон-Пет 7.30.-16ч