ИМУНИЗАЦИЈА СО ВАКЦИНА ПРОТИВ
СЕЗОНСКИ ГРИП (ИНФЛУЕНЦА тип А и Б)
24.01.2011
Create your own web pages in minutes...
ЈКП "Комуналец" Демир Хисар
АКТУЕЛНО: Комисијата за пандемски грип препорача да се продолжи со вакцинирањето против сезонски грип со вакцина која штити и од така наречениот пандемски грип А/Х1Н1.
Вакцината се однесува на сите возрасни групи над 7 години и се врши од 8-15 часот во Центарот за Јавно Здравје Битола.
Вакцината се употребува за активна имунизација и профилакса на епидемичен грип предизвикан од соевите А и Б. и особено се наглаасува кај лица со зголемен ризик за заболување од грип и можни компликации од грип и тоа:
- - лица со и над 65 годишна возраст;
- - возрасни и деца со хронични заболувања на белодробниот или кардиоваскуларниот систем, вклучувајки и деца заболени од астма;
- - возрасни и деца на кои им е потребен постојан медицински третман или хоспитализирање заради хронични метаболни болести (дијабетес мелитус), цистична фиброза, ренални пореметувања, имуносупресии итн.;
- - лица со трансплантати и болни од АИДС;
- - лекари, медицински сестри, персонал во болници и останати јавни служби кои доагаат во контакт со лица со зголемен ризик од грип.
Во согласност со препораките на СЗО, вакцинацијата против грип се врши во месеците октомври и ноември, заради навремено стекнување на отпорност на организмот пред појавата на сезонскиот грип.
Превентивните мерки кои се преземаат против ова заболување се вообичаени општи мерки, како и за другите вирусни респираторни инфекции: пиење топли напитоци, витамини, избегнување контакт со заболени
ВАКЦИНАТА НЕ ТРЕБА ДА ЈА ПРИМААТ!:
- - лица алергични на јајца и пилешки протеини;
- - лица со покачена температура или акутна инфекција;
- - бремени во првиот триместар од бременоста.
Вакцинацијата се спроведува во просториите на Центар за јавно здравје - Битола секој работен ден почнувајки од 15.10.2010 во терминот од 7.00ч. до 17.00ч. Вакцините се регуларно регистрирани и Министерството за здравство гарантира за нивниот квалитет. Вакцинацијата чини 400 денари.
За повеќе информации на тел. 047 208 100 или повелете во "Центар за јавно здравје - Битола"
Адреса: ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола
ул.Партизанска бб Битола тел: 047 208-100 факс: 047 253-609 - седиште Битола
Одделение за превентиван здравствена заштита Кичево
тел: 045 225158; 045 222922
Одделение за превентиван здравствена заштита Ресен
тел: 047 452922
Работно време:
Понеделник-Петок 7.30-16.30ч
Микробиолошка служба
Пон-Пет 7.30.-16ч