Санитарни прегледи
 
 
Начинот на вршење, содржината  на прегледите, видовите на прегледите и роковите за на вршењето на задолжителните здравствено – хигиенски прегледи се поблиску опишани во Правилникот (Сл.весник на РМ бр.152/07), донесен согласно член 48 од Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.в.на РМ бр.66/2004).
 
За кои  лица се задолжителни овие прегледи ?
Прегледите од овој закон се задолжителни за :
1)        лицата кои спроведуваат воспитно – образовна дејност и здравствена дејност;
2)        лицата кои доаѓаат во контакт со производството и промет на храна, при снабдување на населението со вода за пиење ;
3)        вработени во производство, подготовка и издавање на лекови и лицата  кои на друг начин  во текот на работата доаѓаат во  непосреден контакт ;
4)        лицата кои укажуваат хигиенска нега, работат во производство на козметички средства или вршат рекреација на населението.
 
 
Што опфака санитарниот преглед?
1.        лекарски преглед ;
2.        земање материјал за бактериолошки и паразитолошки испитувања;
3.        издавање на санитарна книшка.
 
 
Каде се вршат овие прегледи?
Во Одделението по хигиена и здравствена екологија соба број 2,
Во работните простории на нарачателот ( на терен )
 
Работно време:
Понеделник-Петок: 7.30 -14:30ч
 
 
Create your own web pages in minutes…