СОСТОЈБА СО ГРИП / ИНФЛУEНЦА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ-БИТОЛА (декември 2019)

ЕПИДЕМИОЛОШКИ НАДЗОР

Во текот на месец декември 2019 година (од 49-та до 52-ра недела) во Битола пријавени се 19 лица со грип. Во текот на истиот период минатата сезона (2018/19), во Битола беа пријавени 27 лица со симптоми на грип. Вкупниот број на заболени лица (од 40-та недела до 52-ра недела) изнесува 23, и е намален за 23% во однос на истиот период минатата сезона.

Во текот на 52-рата недела (23.12-29.12.2019) во Битола пријавени се 7 лица со грип со инциденција од 6.9 на 100.000 жители. Според инциденцијата на грип од 52-ра недела во Битола, може да се заклучи дека сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Во Република С. Македонија, во текот на 52-ра недела од 2019 година пријавени се 158 лица со грип и инциденција од 7.6 на 100.000 жители. Исто како и во Битола, и во Република С. Македонија сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип. Најголем број случаи и највисока инциденца се пријавени од подрачјето на ПЕ Гостивар (61 лице; инциденција 50.9/100.000).

Минатата сезона (2018/19), во Битола вкупно беа регистрирани 1428 лица со грип. Најголем број на заболени лица беа регистрирани во месец февруари односно 70% од вкупниот број на заболени лица од сезоната 2018/19 ( график 1).

Grip122019

График 1. Неделна дистрибуција на заболените од грип во Битола, сезона 2018/19 и сезона 2019/20

На останатата територија на Центар за јавно здравје- Битола (Кичево, Ресен и Демир Хисар) до 29.12.2019 година нема пријавено заболени лица со симптоми на грип во Ресен и Демир Хисар (во истиот период минатата сезона имаше само едно лице со симптоми на грип во Демир Хисар). Во Кичево во месец декември 2019 има пријавено 6 лица, додека во истиот период минатата година имаше пријавено 4 лица со симптоми на грип. Во текот на минатата сезона во Кичево беа пријавени 649 лица, Ресен 253 лица, а во Демир Хисар 21 лице со симптоми на грип.

Во текот на месец јануари и почетокот на месец февруари се очекува зголемување на бројот на заболени лица од грип и достигнување на прагот за влез во сеноната на грип.

 

 

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Центарот за јавно здравје-Битола препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО):

  • Постарите лица (над 65 години)
  • Деца на возраст од 6-59 месеци
  • Лица постари од 6 месеци со хронични болести
  • Бремени жени, и
  • Здравствени работници.

За сезоната 2019/2020, Министерството за здравство набави бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 2780 дози за територијата на Центар за јавно здравје- Битола (за Битола 1580 дози, Кичево 650 дози, Ресен 300 дози и Демир Хисар 250 дози), наменети за приоритетни групи население: за деца на возраст од 6 месеци до 5 години, за лица над 65 годишна возраст, лица со хронични заболувања и бремени жени во било кој период од бременоста, како и за здравствени работници. Дополнителни 3000 дози вакцина се набавени од страна на Центар за јавно здравје-Битола, како вакцини за останатото население кое не спаѓа во горенаведените групи и истите можат да се добијат за одреден финансиски надомест (650 денари).

До 01.01.2020 година на територијата на Центар за јавно здравје- Битола вакцинирани се вкупно 4785 лица, од кои 2040 лица со комерцијални вакцини и 2745 лица со бесплатни вакцини.

     Одделение за епидемиологија

    ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола

Leave a Reply