ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП 2019/2020

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола Ве информира дека вакцинацијата против сезонски грип во Битола започна и се одвива непречено и без поголеми проблеми. Обезбедени се доволни количини на вакцини во проектот “бесплатни вакцини” на Министерството за здравство кои се наменети за лица постари од 65 години, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години и хронично болни лица. Заинтересираните лица треба само да закажат преглед преку системот „Мој термин“ кај матичниот лекар и бесплатно ќе бидат вакцинирани во Центарот за јавно здравје во Битола.На ниво на држава се набавени вкупно 28 илјади вакцини од нив  Центарот за јавно здравје од Битола доби 2700 вакцини за возрасни и 100 вакцини за деца.

Истовремено Центарот за јавно здравје- Битола набави и 3000 комерцијални вакцини, чија цена изнесува 650 денари.

flu-shot-while-pregnant Influenza_Webinar_Senior.jpg.daijpg.600

Обезбедени се доволни количини на вакцини во проектот “бесплатни вакцини” на Министерството за здравство кои се наменети за лица постари од 65 години, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години и хронично болни лица.

Leave a Reply