31 Maj 2019 – Светски ден без тутун

Светскиот ден без тутун 2019 година се фокусира на нарушување на здрајето на белите дробови.

Пушењето на тутун е главна причина за рак на белите дробови. Две третини од умирањата од рак на белите дробови во светот, се препишуваат на пушењето. Изложеноста на чадот дома или на работното место исто така го зголемува ризикот од рак на белите дробови. Престанокот на пушењето го намалува ризикот од рак на белите дробови: по 10 години престанок на пушење, ризикот од рак на белите дробови кај пушачите се намалува на скоро половина.

BezTutun

Пушењето на тутун е водечка причина и за хронична опструктивна плумонална болест (ХОББ), состојба во која се насобира гнојна слуз во белите дробови што резултира со болни кашлици и болни потешкотии во дишењето. Ризикот од развој на ХОББ е посебно висок меѓу поединците кои почнуваат да пушат во рана возраст, затоа што тутунскиот чад значајно го успорува развојот на белите дробови.

Тутунот исто така ја влошува бронхијалната астма, која ја ограничува белодробната активност и придонесува за инвалидитет. Раното престанување на пушењето е најефективен третман кој успорува напредување на ХОББ и ги подобрува симптомите на астмата.

Туберкулозата (ТБ) ја оштетува и ја смалува функцијата на белите дробови, што дополнително се влошува со пушењето на тутун. Околу една четвртина од светската популација има латентна туберкулоза, што води до ризик од развој на активна туберкулоза. Лицата кои пушат подолго имаат поголема мошност да заболат од туберкулоза а активната туберкулоза пратена со штетни влианија на пушењето за здравјето на белите дробови,значајно го зголемува ризикот од инвалидитет и смрт од респираторно затајување.

Тутунскиот чад е многу опасен облик на загадување на воздухот во затворени простории. Содржи преку 7000 хемикалии, од кои 69 се познати како причина за рак. Иако чадот може да биде невидлив и без мирис, во воздухот може да се задрши и до 5 сати. Во текот на животот доенчината кои се изложени на отровите од тутунскиот чад, често доживуваат смален раст и функција на белите дробови. Малите деца поради пасивно пушење, се изложени на ризик од појава и влошување на астма, воспаление на белите дробови и чести инфекции на долни дишни патишта.

Центарот за Јавно здравје Битола се приклучува на одбележувањето на Светскиот ден без тутун 2019 година преку активности на Советувалиштето за одвикнување од пушењето тутун.

Тука се вклучени повеќе групни предавања со цел превенција од штетните влианија на тутунот во училиштата во Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар и Црвениот Крст Битола. Индивидуални советувања и поддршка во одвикнување од пушењето, граѓаните добиваат во Советувалиштето кое се наоѓа во просториите на ЦЈЗ Битола и работи секој ден од 12 до 15 часот.

Постојат повеќе облици на никотинска заменска терапија во вид на фластери, гуми за џвакање,спејови и таблети. Во советувалиштето покрај немедикаментозна помош, на пушачите КОИ САКААТ ДА ПРЕСТАНАТ ДА ПУШАТ, им се препорашува никотинска заменска терапија Nicotine replacement therapy (NRT), која е медицинско одобрен начин на земање на никотин без другите штетни материи од тутунот. На тој начин се зголемува можноста за напуштање на пушењето за околу 50% до 70%.

Одделение за социјална медицина

61801869_313693722865417_8179424478296539136_n

47372412_199623294254604_8196393584845389824_n (1)

61582362_2052915048168782_3579486827511283712_n

47372412_199623294254604_8196393584845389824_n

Leave a Reply