„НЕ ОСТАВАЈ НИКОГО НАЗАД “ – Светски ден на водата, 22 Март 2019 година

На 22 март секоја година, светот преку разни активности го одбележува Светскиот ден на водата и се фокусира на важноста на водата. Темата за Светскиот ден на водата 2019 година е „Не оставај никого назад“. Ова е прилагодување на главното ветување од Агендата за одржлив развој 2030: како одржливиот развој напредува, сите мораат да имаат корист.

КАКО ТОА СЕ ОДНЕСУВА НА ВОДАТА?

Цел 6 за Одржлив развој го обврзува светот да осигура дека секој ќе има пристап до безбедна вода до 2030 година. По дефиниција, ова значи не оставај никого назад.

ВО ШТО Е ПРОБЛЕМОТ:

Денес, милијарди луѓе сеуште живеат без вода за пиење – во своите домаќинства, училишта, работни места, фарми и фабрики се борат да преживеат и напредуваат. Маргинализирани групи – жени, деца, бегалци, домородно население, лица со инвалидитет и многу други – често се запоставени, а понекогаш и соочени со  дискриминација, додека се обидуваат да обезбедат и управуваат со безбедна вода која им е потребна.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Кој и да сте, каде и да сте, водата е вашето човеково право. Достапноста до безбедна вода го зајакнува јавното здравје и таа достапност е клучна за одржлив развој, стабилноста и напредокот на светот. Не можеме да одиме напред како глобално општество, додека толку многу луѓе живеат без безбедна вода.

ШТО Е ЧОВЕКОВО ПРАВО НА ВОДА?

Во 2010 година, Обидинетите Нации го препознаа „правото на безбедна и чиста вода за пиење и санитација како човечко право кое е од суштинско значење за целосно уживање во животот и сите човекови права”. Правото на вода им дава право на сите без дискриминација, на доволна количина вода, безбедна, прифатлива, физички достапна и достапна вода за лична и домашна употреба, што вклучува вода за пиење, лична хигиена, перење облека, подготовка на храна и лична употреба и хигиена на домот.

ЗОШТО ЛУЃЕТО СЕ „ОСТАВЕНИ НАЗАД“

Луѓето се оставени без безбедна вода од повеќе причини.Во продолжение се некои од „причните за дискриминација“ кои придонесуваат одредени луѓе да бидат во посебно неповолни услови кога станува збор за достапна вода:

  • пол
  • раса, етничка припадност, вероисповед, јазик и националност
  • инвалидитет, старост и здравствена состојба
  • имотна состојба, економски и социјален статус

 

WWD2019

Други фактори како што се деградација на животната средина, климатските промени, раст на населението, немири, присилно раселување и миграциски текови можат да влијаат на маргинализирани групи преку достапност на безбедна вода.

 КЛУЧНИ ФАКТИ

• 2.1 милијарди луѓе живеат без безбедна вода во домот

• Едно од четири основни училишта немаат безбедна вода за пиење, учениците користат вода од незаштитени извори или се жедни

• Повеќе од 700 деца под пет годишна возраст секој ден умираат од дијареја како резултат на небезбедна вода и лоша санитација.

• На глобално ниво, 80% од луѓето кои користат вода од небезбедни и незаштитените извори живеат во руралните средини

• Во осум од десет домаќинства без вода за пиење во домот, жените и девојките се одговорни за набавување или снабдување со вода

• Повеќе од 800 жени умираат секој ден од компликации во бременоста и породувањето

• За 68,5 милиони луѓе кои биле принудени да ги напуштат своите домови, пристапот до безбедни услуги за вода е многу проблематичен

• Околу 159 милиони луѓе ја собираат водата за пиење од површинска вода, како што се езерца и потоци

• Околу 4 милијарди луѓе, речиси две третини од светската популација, имаат недостаток на вода за пиење најмалку еден месец во текот на годината

• 700 милиони луѓе низ целиот свет би можеле да бидат раселени како резултат на недостаток на вода за пиење  до 2030

• Побогатите генерално добиваат високо ниво на услуги за вода за ниски трошоци, додека сиромашните плаќаат многу повисока цена за услуги со сличен или помал квалитет.

 

* Текстот е превземен и адаптиран од интернет страницата на Обединетите Нации

www.worldwaterday.org/resources/

 

Svetski den na vodata 2019

Leave a Reply