1ви Декември – Светски ден за борба против ХИВ/ СИДА

Центарот за јавно здравје – Битола и оваа година активно се вклучува во одбележувањето на Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА – 1 ви Декември. Мотото оваа година според Светската Здравствена Организација е “Запознајте го вашиот статус”, во однос на тоа да се подигне свеста кај луѓето да го дознаат својот статус на ХИВ инфекција преку тестирање и да пристапат до услуги за превенција, третман и грижа за ХИВ.

ХИВ продолжува да биде главен глобален јавно-здравствен проблем. Досега се регистрирани повеќе од 35 милиони смртни случаи. Во 2017 година, 940 000 луѓе починаа од причини поврзани со ХИВ на глобално ниво.

Помеѓу 2000 и 2017 година, бројот на нови ХИВ инфекции се намали за 36%, а бројот на смртни случаи поврзани со ХИВ се намали за 38%. Ова достигнување е резултат на големите напори на националните програми за ХИВ поддржани од граѓанското општество и голем број партнери.

worldaidsday_b350px

Во Македонија од 1987 до сега се регистрирани 400 случаи на ХИВ. Од регистрираните случаи  86% се од машки пол, а 14% се од женски пол. Во последните две години сите новооткриени случаи се од машки пол. Од вкупно дијагностицираните лица во Р. Македонија, 99 лица починале поради причини поврзани со СИДА.

Во 2018 до сега, во Македонија регистрирани се 41 нови случаи на ХИВ, од кои сите се од машки пол, а  3 лица починале поради СИДА. Во 2018 година до сега, во Битола нема новорегистрирани случаи на ХИВ.

Во Одделението по епидемиологија во Центарот за јавно здравје- Битола, активно работи Советувалиштето за доброволно, доверливо, анонимно и бесплатно советување и тестирање за ХИВ. Во текот на секој работен ден од 7 до 15 часот, сите заинтересирани лица можат да го посетат Советувалиштето и анонимно да се тестираат за ХИВ. Според податоците од СЗО, 75 % од луѓето со ХИВ го знаат својот ХИВ статус, што значи 25% од ХИВ позитивните лица не се свесни дека се инфицирани. Постојат ефективни антиретровирусни  лекови кои го контролираат вирусот и можат да помогнат да се спречи пренесувањето, така што луѓето со ХИВ и оние со значителен ризик можат да имаат здрав, долг и продуктивен живот. Затоа е важно навремено тестирање за ХИВ и секој да го знае својот ХИВ статус.

Центарот за јавно здравје овој ден го одбележа со поголем број на здравствено едукативни активности кои се одржаа во поголем број на училишта и центри: СОУ Јане Сандански, ОУ Крсте Петков Мисирков (с. Бистрица), СОУЦ Мирка Гинова. Централниот настан беше организиран во ОУ Св. Климент Охридски каде беше организирана претстава од здравствено – воспитен карактер.

47470972_530295490716085_5774787815296466944_n

47440237_674510159648605_6496342183585513472_n

Leave a Reply