„Моето срце… Твоето срце“

Под мотото „Моето срце… Твоето срце“ одбележен е 29 Септември 2018 – Светскиот ден на срцето.

Центарот за јавно здравје-Битола со своите активности, преку пропагандни материјали и предавања, повикува сите да се придружат кон светското движење за здраво срце.

Само мали промени во животниот стил, откажување од цигарите, правилна исхрана и 30 минутна физичка активност дневно можат да помогнат во превенција на болестите на срцето и крвните садови, кои според Светската федерација за срце се водечки причини за смртност и одземаат 17.5 милиони животи годишно.

Дадете го своето ветување за овие промени  ДЕНЕС:

За моето срце…За твоето срце…ЗА СИТЕ СРЦА!

42667554_237681356926792_3101153910279110656_n

42664049_2224683890937001_4311171236945199104_n

42666103_337451110339057_3162833347206447104_n

Прочитајте повеќе и дадете го своето ветување на www.world-heart-federation.org/world-heart-day/promise/

Leave a Reply