Превентивна систематска дезинсекција на Општините Битола, Могила и Новаци

 

Во услови на глобално затоплување и појава на вируси предизвикувачи на појава на тропски и суптропски заболувања, неспецифични во овие региони кои ги пренесуваат комарци и други вектори на пренесување, неопходно е ставање под контрола на истите.

Територијата која ја покрива Центарот за јавно здравје Битола е некогашно ендемско подрачје на маларијата, богато со вегетација, водени ресурси (повремени и стални), стоечки води (бари, канали, поплавени ливади и сл), во кои се одвива првиот стадиум од животниот циклус на комарците и кои се идеални места за нивни развој. Секоја година во Р.Македонија се регистрираат по неколку импортирани случаи на маларија.


 

ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ОД БИТОЛА ОТПОЧНА СО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРВАТА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНАТА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНИТЕ БИТОЛА, МОГИЛА И НОВАЦИ.


 

Со цел успешно справување со комарците, како пренесувачи (вектори) на заразни болести неопходно е рационално, систематско и навремено преземање на мерки и активности за темелно проучување на екологијата и дистрибуцијата на векторските организми, како и ставање под контрола на истите, а со цел заштита на здравјето на населението, спречување на ширење на болести кои ги пренесуваат вектори како и чистата и здрава еколошка средина.

Во таа насока како Центар за јавно Здравје Битола, овластен за спроведување на законските обврски, препораки и решенија на Министерството за здравство на РМ, и обврските од Законот за заштита на населението од заразни болести, ги спроведе следниве активности:

* Проценка на Епидемиолошката состојба од аспект на можност од појава на Вектор-преносливи заболувања во регионот и пошироко.

* Мапирање на сите стоечки води, бари, мочуришта, подрачја со густа вегетација како потенцијални жаришта за развој на комарецот.

* Спроведување на ларвицидна дезинсекција во месеците април, мај – оваа дезинсекција се одвива на подрачја со бари, одводни канали, поплавени ливади, застојни води и сл. Оваа метода дава одлични резултати за уништување на комарците во првите фази на развој (нивниот ларвен облик).

* Спроведување на адултицидна, теристичка (од земја) дезинсекција која е насочена кон уништување на адултните форми на комарецот. Се спроведува во неколку фази (јуни, јули, август) во доцни вечерни и рани утрински часови (кога се најактивни комарците). Се спроведува на целото градско и приградско подрачје опфатено во неколку прстени (зони), особено во делови на територијата со густа вегетација, паркови, зелени површини, по текот на водотоци и сл.

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемијска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола во периодот од 04.06.2018 (понеделник) до 08.06.2018 год, ја спроведуваат ПРВАТА ФАЗА од теристичката(од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.

Во тек се активностите за спровдување на превентивната дезинсекција и во Општините Новаци и Могила, а Центарот за јавно здравје од Битола, овие мерки ќе ги спроведе и во Општините Кичево и Демир Хисар.

Запрашувањето се врши во периодот од 19.00 до 02.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.

Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

mosquito

Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се и сите надлежни субјекти: ДСЗИ, инспекторатот при локалната самоуправа, медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции.

Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 208-100, 208-101.

 

Битола, 05.06.2018 година

ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола

Leave a Reply