Светски ден на водата, 22 Март 2018

posted in: здрав живот | 0

Светски ден на водата 2018Природата за вода

Светскиот ден на водата на 22 март секоја година, го фокусира вниманието за важноста на водата. Темата за Светскиот ден на водата 2018 година е „Природата за вода” и е базирана на решенија за предизвиците со вода со кои се соочуваме во 21-от век.

Оштетените екосистеми влијаат на квантитетот и квалитетот на водата што е на располагање за човекова употреба. Денес 2,1 милијарда луѓе живеат без безбедна вода за пиење во домовите, што влијае на нивното здравје, образование и благосостојба.

Водата е од суштинско значење за одржување на животот и достапноста на вода во количини и квалитет доволни за да се задоволат основните човечки потреби е предуслов за подобрување на здравјето и за одржлив развој.

giphy

Одржлив развој Цел 6 го обврзува светот да осигура секој да има пристап до безбедна вода до 2030 година и вклучува цели за заштита на природната средина и намалување на загадувањето.

Површинските и подземните води се обновливи ресурси кои имаат лимитиран капацитет за опоравување од негативните човекови влијанија. Доколку не ги почитуваме тие лимити може да резултира со краткорочни или долгорочни несакани ефекти на здравјето и благосостојбата на оние кои зависат од тие ресурси. Нивниот квалитет и одржливото управување на хидролошкиот циклус е од суштинско значење за задоволување на човечките потреби и за заштита на животната средина.

Како можеме да ги намалиме поплавите, сушите и загадувањето на водата? ОДГОВОРОТ Е ВО ПРИРОДАТА, со користење на решенија што веќе ги имаме во природата.

 

Одделението по хигиена и здравствена екологија при ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола ја следи состојбата со водоснабдување и квалитетот на водата за пиење во Општините Битола, Могила и Новаци. Врз основа на податоците  91 654 жители или 87.2% од вкупното население во трите општини со вода за пиење се снабдуваат од централен водоснабдителен систем управуван од Јавното комунално претпријатие ЈКП „Водовод“ Битола, кое во целост ги исполнува законските обврски во однос на обезбедување и контрола на безбедноста на водата за пиење. Останатите 13 437 жители или 12.8% од вкупното население во трите општини, со вода за пиење се снабдуваат од локални јавни водоснабдителни системи со кои не стопанисува Јавно Претпријатие и во најголем број на овие објекти водата не се дезинфицира, а доколку се дезинфицира со хлорни препарати тоа се врши нерамномерно и нередовно.

Во текот на 2017 година земени и анализирани се вкупно 520 примероци на вода за пиење од градската мрежа и селата приклучени на градскиот водовод Битола. Сите примероци покажаа бактериолошка и физичко-хемиска исправност и овие жители користат безбедна вода за пиење.

Од селата приклучени на локални водоснабдителни објекти, во текот на 2017 година земени и анализирани се вкупно 283 примероци на вода за пиење. Од вкупниот број на анализирани примероци, во однос на физичко-хемиските параметри неисправни се 23 примероци или 8.1 % поради зголемена матност и присуство на органски нечистотии. Во однос на бактериолошката анализа неисправни се 188 примероци или 66.6 % од вкупниот број анализирани примероци.

Од извршените увиди и резултати од анализите може да се утврди дека населението кое со вода за пиење се снабдува од градскиот водовод Битола користи безбедна вода за пиење. Останатото население кое со вода за пиење се снабдува од локалните водоводи, во најголем дел користи небезбедна вода за пиење која претставува голем епидемиолошки ризик по јавното здравје на жителите.

 

Водата е од суштинско значење за одржување на животот и достапноста на вода во количини и квалитет доволи за да се задоволат основните човечки потреби е предуслов за подобрување на здравјето и за одржлив развој.

 

Со цел решавање на проблемот потребно е да се постават одредени правни субјекти кои во иднина ќе ги одржуваат и ќе стопанисуваат со локалните селски водоводи. За крајно и успешно решавање на проблемот со водоснабдувањето на селските населби со локални водоводи таму каде што има можност, потребно е нивно сукцесивно приклучување на градскиот водовод во Битола.

Изготвил:

Др.Емилија Богоевска, спец. по хигиена

Leave a Reply