Светски ден за борба против ХИВ/СИДА

Под мотото “Сите се бројат” ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола го означи 1 Декември 2017-Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА.

Според информациите на Институтот за јавно здравје во Р.Македонија до 30.11.2017 година се пријавени вкупно 39 нови случаи од кои 4 лица се заболени од СИДА,а 35 лица се ХИВ позитивни (од кои 2 ХИВ позитивни случаи се на територијата на Општина Битола).

Тоа значи дека во периодот 1987 – 2017 (заклучно со 1 декември 2017) година во Р.Македонија вкупно се регистрирани 354 лица кои живеат со ХИВ/СИДА. Дистрибуцијата по пол на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА покажува дека од вкупно 354 лица лица кои живеат со ХИВ/СИДА, 301 лица се од машки пол, а 53 лица се од женски пол.

Затоа ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола со засилени активности особено меѓу младата популација го искористи и овој 1 Декември 2017 година да потсети дека оваа болест не знае за граници и дека навременото информирање за ризиците кои можат да доведат  до зараза со ХИВ вирусот особено важно.

24281756_10210713369774736_569392087_o

24201470_10210712634276349_1227096767_o

Потсетување: Советувалиштето за ХИВ/СИДА при ЈЗУ ЦЈЗ Битола нуди доверливо, анонимно и бесплатно советување и тестирање за лицата кои сакаат да го проверат својот ХИВ статус. Советувалиштето е отворено за сите кои сакаат да се информираат или да го проверат својот стаус во случај на нова врска, сомнитален контакт, нередовно користење на кондом, користење и инјектирање на дроги.

Советувалиштето работи секој ден (понеделник-петок) од 07.00 до 15.00 часот.

 

 

Дополнителни информации за ХИВ/СИДА можете да најдете на:

Институт за јавно здравје на РМ: http://www.iph.mk/1-dekemvri-2017-svetski-den-za-borba-protiv-hiv-sida/

ECDC-WHO HIV/AIDS surveillance in Europe 2017 (2016 data): https://ecdc.europa.eu/en/publications-data/hivaids-surveillance-europe-2017-2016-data

World AIDS Day 2017 (ECDC): https://ecdc.europa.eu/en/news-events/world-aids-day-2017

World AIDS Day  (WHO): http://www.who.int/life-course/news/events/2017-world-aids-day/en/

World AIDS Day 2017(UNAIDS): http://www.unaids.org/en/resources/campaigns/right-to-health

Leave a Reply