Светскиот ден на шеќерната болест – World Diabetes Day (WDD)

Светскиот ден на шеќерната болест – World Diabetes Day (WDD), има за цел да ја подигне свеста за шеќерната болест во светот.

Oдбележувањето на 14ти Ноември се наметнува како потреба. Со 60 милиони луѓе со дијабет и 32 милиони изложени на ризик од негов развој, Европа се соочува со голем здравствен проблем.

Оваа година мотото е “НАШЕ ПРАВО ЗА ЗДРАВА ИДНИНА”, а жената и дијабетот се во фокусот на вниманието.

Како е да се биде мајка со дијабет

Денес се проценува дека 1 од 9 жени над 25 години има дијабет а 1 од 7 деца е под влиание на гестациски дијабет, кој во рок од 10 години по бременоста, доведува до појава на дијабет тип 2 кај 50% од случаевите. .Во прилог на нивниот директен однос со дијабетот, бремените жени се значајни агенти во усвојувањето на здравиот начин на живот. Тоа е неопходно за одржување на нормалното ниво на гликоза во крвта, намалување компликациите во врска со бременоста, како и развој на дијабетот тип 2.

Бременоста со дијабет се смета за висок ризик. Неопходно е да се контролира нивото на гликоза во крвта со цел да се обезбеди безбедна и здрава бременост.

Во повеќе земји во Европа, за бремените жените со дијабет, следат посебни третмани, вклучувајќи гликоза профил, на секои три недели, како и хоспитализација на 2-3 недели, за комплетни прегледи.

Важноста на скринингот за рана дијагноза на дијабет тип 2 и негово навремено лекување, се со цел намалување на ризикот од сериозни компликации.

Многу лица, меѓу кои и бремени жени, живеат со дијабет тип 2, без да бидат свесни за нивната состојба. Кога ќе се постави дијагнозата, можно е веќе да постојат и компликации.

70% од случаевите на дијабет тип 2 можат да бидат ПРЕВЕНИРАНИ со помош на скрининг и здрав стил на живот.

Со брзиот живот, практикувањето на нездрава исхрана и пасивен живот, без физичка активност, во многу држави, дијабет тип 2, уште во детска возраст, има потенцијал да прерасне во глобален јавноздравствен проблем кој води до сериозни здравствени последици.

12% од вклупните глобални трошоци за здравство моментално се наменети за лекување на дијабет.

pregnant-woman-hi

 

Бројот на лица со дијабет во државите со ниски и средни примања ќе продолжи да се зголемува и ќе претставува закана со постојан развој.

Во многу држави дијабетот е водечка причина за слепило, кардиоваскуларни заболувања, бубрежни заболувања и ампутација на екстремитети.

Скрининг за рано откривање на компликации од дијабет е многу важен за справувањето со сите типови на дијабет

Одложеното поставување на дијагноза значи дека многу лица со дијабет тип 2 ќе имаат барем една компликација до времето кога ќе се дијагностицира дијабетот.

Бремените жени не се поштедени од оваа глобална епидемија.

Бројот на деца и адолесценти со дијабетот тип 1 расте секоја година за 3%, а кај предшколски деца и за 5%.

Трошоците за лекување на болеста и компликациите од неа ги оптеретуваат не само луѓето со дијабет, туку и целиот здравствениот систем, посебно во земјите во развој, каква што е и Македонија.

Дијабетот е заболување во кое нивото на гликоза во крвта (крвен шеќер) е хронично зголемено – хронична хипергликемија, како резултат на нарушувањата во инсулинската продукција или функција.

Тоа е хронично заболување и трајно мора да се посвети внимание на неговото лечење како би се спречиле компликациите.

Одложеното поставување на дијагноза значи дека многу лица со дијабет тип 2 ќе имаат барем една компликација до времето кога ќе се дијагностицира дијабетот.

Бремените жени не се поштедени од оваа глобална епидемија.

Бројот на деца и адолесценти со дијабетот тип 1 расте секоја година за 3%, а кај предшколски деца и за 5%.

 

Инсулинот е хормон од витална важност кој го произведуваат бета – клетките на панкреасот. Инсулинот има клучна улога за пропуштање на шеќерот (гликозата) во клетката. Кај дијабетот се лачи премалку инсулин или иститот е со нарушена функција и целиот шеќер внесен со храната, од крвта не може да премине во мускулите и другите клетки кои произведуваат енергија.

Ако шеќерот не може да влезе во клетките за да биде искористен, се насобира во крвта и има повишен шеќер во крвта.

Дијабет тип 1 организмот не создава инсулин, затоа гликозата не може да навлезе во клетката. Луѓето со дијабет тип 1 земаат инсулин секој ден.

Дијабет тип 2 панкреасот сеуште произведува инсулин но телото не го користи инсулинот соодветно. Луѓето со дијабет тип 2 често имаат потреба од таблети или инсулин.

Гестациски дијабет се нарекува дијабет во бременост. Ризик за развој на ваков дијабет имаат жени со прекумерна тежина, фамилијарна анамнеза, родено дете со прекумерна тежина.

Некогаш дијабетот се јавува како последица на други болести (воспаление на панкреас, пореметување на надбубрежна жлезда и хипофизата) кај некои генетски пореметувања или кога се земаат некои лекови (кортикостероиди).

Предупредувачки знаци за дијабет:

• често мокрење,

• прекумерна жед,

• зголемена глад,

• губење на тежина,

• замор и исцрпеност,

• недостиг на интерес и концентрација,

• нејасен вид,

• стомачни болки и повраќање,

• трнење на стапалата.

Ризици:

• стрес (кога е стресот јак или подолго трае, зголемената концентрација на адреналин предизвикува постојана хипергликемија. Опасна состојба!)

• неизбалансирана исхрана и прекумерна телесна тежина BMI > 25kg/m²

• висок крвен притисок (над 140/90)

• низок HDL (добар холестерол) и високо ниво на масти

• физичка активност помалку од три пати неделно

• родител, брат или сестра со дијабет

• возраст над 45 години

Компликации:

o Болести на крвни садови – срцеви заболувања и напади (поради атеросклероза)

o заболувања на очите и проблеми со видот

o бубрежни проблеми

o оштетувања на нерви

o оштетувања на непца и губење на забите

o оштетување на бубрези

Според американскиот водич за превенција на дијабетот тип 2 за лица изложени на поголем ризик важат неколку совети:

o Доколку имате прекумерна телесна тежина, ослабете !!

o Намалете го внесот на масти и калории воопшто !!

o Не практикувајте високопротеински и високојагленохидратни диети !!

o Внесувајте доволно прехрамбени влакна – на 1000 калории внесете 14 грама влакна

o Редовно вежбајте барем 2 часа неделно !!

ПРЕПОРАКИ

o Одредете го својот ризик за заболување од шеќерна болест тип 2,

o проверете го шеќерот во крвта,

o ако веќе имате дијагностициран дијабет, направете прегледи за да установите дали некои од компликациите веќе се развиле и како можете да ги спречите или да ги успорите.

Leave a Reply