Светски ден за борба против Алцхајмерoва болест

По иницијатива на СЗО од 1994 година, секој 21 Септември се одбележува Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест (Alzheimer Disease AD).Подигањето на свеста  за ова заболување, го сметаме за многу важно,затоа што тоа се шири и зема се поголем замав во светот.Секој 68 секунди некој во светот развива Алцхајмерова болест

Што е Алцхајмерова болест

Тоа е хронично, неуродегенеративно, мозочно заболување, во средниот и касен животен период, кое ѓи уништува неуроните и врските во мозочната кора, што води до значајно губење на мозочната маса. Главна причина е за сенилната деменција (60 -70 % од сите случаи на деменција), која порано се мислеше дека е нормален  процес во текот на старееењето.

Постепено доаѓа до неповратно губење на способноста за помнењето, меморијата, мислењето, расположението, препознавањето, зборувањето, планирањето, ориентацијата  во време и простор,грижата за себе. Постепено се губат телесните функции, што ултимативно води до смрт.

Секој 68 секунди, некој во светот развива Алцхајмерова болест.

До 2050, бројот на лица кои живеат со деменција низ целиот свет ќе стане три пати поголем од сегашниот, а со тоа деменцијата ќе стане една од најзначајните здравствени и социјално-медицински  проблеми на 21виот век. Во земјите со низок и среден месечен приход се дијагностицираат едно лице на секои 10.

 

Test-alchajmerova-bolest

Светскиот ден на Алцхајмеровата болест, не потсетува на лицата кои се заболени со демеција, и исто така сите лице кои се загрижени дека ќе заболат од неа.

Глобално, две од 3 лица, веруваат дека постои мало или не постои разбирање колкава е тежината од  деменцијата во нивните држави. Стигматизацијата и погрешните информации кои се во врска со деменцијата претставуваат глобален проблем, и затоа се потребни понатамошни активности на глобално ниво.

Истражувањата покажале дека незнаењето е ризик фактор за Алцхајмерова болест, затоа што без да се знае кои навики ни штетат, немоќни  сме да извршиме значајни промени.Со разбирање на ризик факторите, ќе имаме можност да ги менуваме нашите животни навики, а со тоа можеме да се заштитиме и да ја спречиме болеста.

Како Центар за јавно здравје, подигањето на свеста  за ова заболување, го сметаме за многу важно во унапредувањето на здравјето. Затоа се приклучуваме  кон одбележувањето на овој ден.

Ризик фактори з развој на Алцхајмерова болест

Ако истите се одстранат, може да се превенира или успори  развојот  на Алцхајмеровата болест:

 

Запомнете дека не мора да бидете сами. Можете да имате подобар стил на живот со деменција отколку што тоа го смета општеството, и тоа со барање на поддршка од Вашата фамилија и пријатели, здравствените и социјалните работници. Имате право да се чувствувате посилни и имате право да бидете вклучени и да бидете лекувани како достојна личност.

1.Дебелина и дијабет тип 2,се идентификувани како клучни ризик фактори за Алцхајмерова болест.

2.Заситени масти кои, во поголема количина, се наоѓаат во производи од животинско потекло како што е црвеното месо, млечните производи. Тука спаѓаат и растителни масла кои за време на индустриската преработка, содржат зголемени количини на штетни масни киселини.

3.Седечки начин на живот

4.Недоволно спиење

5.Пестициди

6.Прекумерно гледање телевизија како модерна навика

7.Пушењето

8.Алкохолот

9.Флуоризација на вода и паста за заби

10.Алуминиумот(Аl) и бакар (Cu) се опасни неуро-токсини

11.Фармацевски Алцхајмер

12.Дентален амалгам

13.Стагнирање на когнитивните функции, намалено  потикнување на умствената активност

14.Јонизирачко зрачење

15.Недостиг на сончева светлина

16.Осаменост

17.Стрес

Дијагнозата на деменцијата која е направена во почетната фаза на болеста им овозможува на лицата со деменција и нивните семејства да бидат подготвени за да се справат со неа  и да имаат можност да живеат поквалитетни и попродуктивни животи.

Клучни моменти во грижата за пациентите со деменција

1.Ако живеете со деменција

Запомнете дека не мора да бидете сами. Можете да имате подобар стил на живот со деменција отколку што тоа го смета општеството, и тоа со барање на поддршка од Вашата фамилија и пријатели, здравствените и социјалните работници. Имате право да се чувствувате посилни и имате право да бидете вклучени и да бидете лекувани како достојна личност.

2.Ако сте загрижени дека развивате деменција

Зборувајте со Вашиот доктор за било какви симптоми за кои сметате дека се симптоми на деменција. Кога луѓето со деменција и нивните семејства имаат професионална поддршка, чувството на почетен шок може да биде ублажено со поддршката од Вашиот доктор.

4.Ако сте лице кое живее со лице заболено од деменција

Запомнете дека грижата за лице со демеција може да биде предизвик. Не се двоумете да побарате помош. Исто така е битно да се грижите за сопственото физичко и ментално здравје. Ова ќе направи голема разлика на Вашата добросостојба и на лицето за кое се грижите.

5.Препораки за целото општество:

Стигмата која ја следи деменцијата останува глобален проблем. Раното поставување на дијагноза може да биде поттикнато со подигање  на свеста за проблемот и со препознавање на симптомите на деменција.

 

AD1

6.Препораки за владите:

Национален план за деменција ќе може да  помогне на државите да се справат со се поголемиот импакт од деменцијата. Порана детекција на деменцијата исто така ќе помогне да се намали финансискиот импакт од деменцијата на здравствениот систем.

Имплементацијата на планот  ќе помогне да се зголеми националната свест и едуцираност на населението, може да го подобри пристапот и поставувањето на дијагноза, третман и нега, и ќе промовира подобар квалитет на живот за луѓето кои живеат со деменција.

Изработил:

Др. Врчковска Марија

Спец. по социјална медицина

Leave a Reply