Светски ден за борба против вирусниот хепатитис 28.07.2017

Да го елиминираме хепатитисот

 Од 2010 година, 28 Јули, СЗО го одреди како ден за одбележување на борбата против вирусниот  хепатитис. Овој датум е одбран во чест на роденденот на човекот што  го откри вирусот на хепатитисот Б, нобеловецот,проф.Блумберг.

Светскиот ден за борба против хепатитисот е можност да се даде на значење на сите напори за имплементација на Стратегијата на првиот здравствен глобален сектор на СЗО за вирусниот хепатитис за 2016-2021 и да им помогнеме на земјите – членки, да ја постигнат крајната цел – да се елиминира хепатитисот.

Поттикнувањето на свеста и активностите околу Светскиот ден за борба против хепатитисот, се дизајнирани за:

  • Градење и зголемена политичка ангажираност заедно со официјално поддржување на Глобалната здравствена стратегија на виралниот хепатитис на World Health Assembly 2016 (Светското здружение за здравје 2016).
  • Прикажување на итноста за одговор од државните органи спрема хепатитисот кај државите кај кои најмногу се зафатени со оваа болест.
  • Охрабрување на активности и ангажмани на индивидуално ниво, од страна на партнерите и јавноста
  • Потенцирање на потребата за поголем глобален одговор како што е нагласено во Глобалниот извештај на СЗО за 2017.
Клучни  факти за Светскиот ден на хепатитисот  2017
  1. Вирусниот хепатитис е најголем здравствен проблем и потребно да се реагира веднаш.

Во светот годишно се регистрираат 1,4 милиони заболени од хепатитис А, кои поради лошата општа  хигиена како и недостиг на безбедна вода за пиење и лоши хигиенски навики ги погодува најнеразвиените земји

Постојат околу 325 милиони лица кои живеат со хроничен хепатитис на крајот од 2015.

Глобално, околу 257 милиони лица живеат со хепатитис Б (ХБВ) инфекција, и 71 милиони лица живеат со хепатитис Ц (ХЦВ) инфекција во 2015.

  1. Многу ретко од инфицираните лица се подложуваат на тестирање и третман, посебно во неразвиените и земјите во развој.

До крајот на 2015, околу 9% од ХБВ инфицираните лица и 20% од ХЦВ – инфицираните лица се тестираат и им е поставена дијагноза. Од тие кои се дијагностицирани со ХБВ, 8% (или 1,7 милиони лица) примаат терапија, додека оние кои се дијагностицирани со ХЦВ инфекција (или 1,1 милиони лица) започнале со терапија во 2015. Глобалните цели за 2030 год се: 90% од лицата кои се заболени со ХЦВ и ХБВ да имаат пристап до терапија.

  1. Вирусниот хепатитис предизвика 1,34 милиони смртни случаеви во 2015

Toa е слично на оние предизвикани од туберкулоза и повеќе од оние предизвикани од ХИВ. Бројот на смртните случаеви заради хепатитис се зголемува.

  1. Се јавуваат нови инфекции на хепатитис, во најголем дел хепатитис Ц.

Бројот на деца кои се помлади од 5 години и кои се заболени од ХБВ инфекции се намали на 1,3 % во 2015 год. (а пред воведување на вакцинирањето беше 4,7%). Вакцината против хепатитис Б превенира приближно 4,5 милиони нови инфекции на деца на годишно ниво.

1,75 милиони возрасни лица се новоинфеицирани со ХЦВ во 2015, во најголем дел заради употреба на дроги и заради небезбедно примање на инјекции во здравствените организации во некои држави.

  1. Постигнување на целта за елиминирање на хепатитисот до 2030 година не е многу амбициозна, извештаите од 28те држави кои се најзафатени со оваа болест влеваат надеж.

Како поддршка на Кампањата: “ Да го елиминираме хепатитисот”, СЗО ќе се произнесе со информации за националните резултати од 28 држави со најголема инциденца.

11 држави кои го имаат скоро 50% од глобалната инциденца на хроничен хепатитис се: Бразил, Кина, Египет, Индија, Индонезија, Монголија, Мјанмар, Нигерија, Пакистан, Уганда, Виетнам.

17 држави кои исто така имаат висока преваленца и заедно со погорните, сочинуваат 70% од светската инциденца: Камбоџа, Камерун, Колумбија, Етиопија, Џорџија, Киргистан, Мароко, Непал, Перу, Филипини, Сиера Леоне, Јужна Африка, Танзанија, Тајланд, Украина, Узбекистан, Зимбабве.

Накратко за хепатитисот

Што е хепатитис?

Хепатитис е вирусно воспаление на црниот дроб. Предизвикувачи се вирусите на хепатитис (А,Б,Ц,Д,Е и други). Кај некои лица болеста добива хроничен тек и со тек на времето може да доведе до цироза или тумори на црниот дроб.

Кои се симптомите на хепатитисот?

Кај одреден број на инфицирани може да се појави жолтица, со појава на темна мокрача и светла столица и исто така малаксаност, слаб апетит, главоболка, мачнина, гадливост од масна храна, симптоми кои се слични на грипот…. Често болеста може да добие хроничен тек кога не се појавуваат никакви симптоми.

Како може некој да се зарази од хепатитис?

Вирусите на хепатитис Б,Ц и Д може да се добијат на следните начини:

  • Незаштитен сексуален однос со заразено лице
  • Користење на инфициран прибор кој се користи при интравенско или интраназално користење на друга или вбизгување на лекови.
  • Преку хемодијализа (ретко)
  • Преку трансплатација на органи од инфициран донор, трансфузија на крвта и крвни продукти, сперма, органи и ткива (денес многу ретко бидејќи се врши задолжително нивно тестирање)
  • Инцидентно – со убод со игла или остар инструмент или изложување на крвта на инфицираните лица (често кај здравствените работници).
  • Ако се користат нестерилни инструменти при операции, интервенции, инвазивни процедури, стоматолошки и други интервенции со кои се нарушува интегритетот на кожата (тетоважи, акупунктура, пирсинг, козметички процедури)
  • Користење на заеднички прибор за лична хигиена (четкички за заби, бричеви, машинки за бричење, ножици за нокти) со лице кое е инфицирано
  • Од заразена мајка на новороденче

Хепатитис А се пренесува преку контаминирана храна или вода како и со валкани раце.

Cob0ZFNW8AAFxLj

Како се открива и потврдува инфекцијата со вирусот на хепатитис?

Инфекцијата со вирусот на хепатитис се открива со лабораториски испитување на крвта. Потребно е да се добијат резултатите од анализата и со упат од матичниот лекар да се пријавите на инфектолог.

Лечење на вирусниот хепатитис

Лечењето на хепатитисот има за цела да го ублажи и успори текот на болеста и да ја одложи појавата на хроничниот хепатитис или цироза на црниот дроб.

Спречување на ширењето на заразата

За лица кои се инфицирани со вирусите на хепатитис Б, Ц и Д се советува:

  • Кога станува збор за инфекција од хепатитис тип Б, најдобра превентивна мерка е вакцинација и тоа кај сите лица од ризичните групи и сите новородени деца
  • Сексуалните партнери и лицата кои живеат во домаќинства со лице со хепатитис Б, Ц или Д треба да се вакцинираат со вакцина против хепатитис Б, доколку лабораториските тестови покажат дека се серонегативни
  • Ако користите дроги, пријавете се на лекување. Не смеете да користите заеднички игли, шприцеви и останат прибор кој се користи за вбризгување на дроги или лекови како ни заеднички цевчиња за кокаин
  • Треба да имате сопствен и прибор за лична хигиена кој нема да го споделувате со други (бричеви, четкички за заби, пинцети, ножици, машинки). Исечениците покријте ги со ханзапласт.
  • Не смеете да бидете доброволни дарители на крв, органи, ткива и сперма
  • Ако имате стабилна долгогодишна врска немате потреба да ги менувате своите сексуални навики, а со употребата на кондом ризикот од заразување од партнерот уште повеќе се намалува. Партнерот треба да извести за својата здравствена состојба и да поразговара за евентуално тестирање на партнерот.
  • Редовна контрола кај инфектолог, здрава исхрана (без многу масти, чести лесни оброци), апстиненција од алкохол и дроги.

Центарот за јавно здравје Битола со свои активности се вклучи во глобалната кампања на Светската хепатитис кампања (WHA).Одржани се повеќе активности:

  • Предавања за штитениците на КПУ Затвор Битола,
  • Предавања за активистите на Црвениот Крст ПЕ Битола
  • Доброволни, бесплатни анонимни тестирања за ХЦВ, во соработка со НВО “Хепар центар”  Битола
  • Поделен е и пропаганден материјал

Подготвил:

др. Марија Врчковска

спец. по социјална медицина

Leave a Reply