31 Мај – Светски ден без тутун

Тутунот ни се заканува на сите – Речете НЕ на тутунот

Заштитете го здравјето, намалете ја сиромаштијата и промовирајте  го развојот

31 Мај Светски ден без тутун

 

Центарот за јавно здравје Битола и оваа година се приклучува во акцијата на СЗО за подигање на свеста и борбата против пушењето.

Оваа година  мото е Тутунот ни се заканува на сите – Речете НЕ на тутунот”.

 

Како да ја постигнеме оваа цел. Како да се помогне во одлуката да не се посегнеува  по тутун, односно да се посака и да се одлучи за ослободување  од тутунот.

Како да се справиме со пушењето кое претствавува глобална закана? Справувањето со пушењето значи  справување  со животните ,,кризи,, на поинаков начин, освен посегнување по цигара.

 

Препораката е  ПРЕВЕНЦИЈА преку  сеопфатна и мултисекторска соработка.

Компоненти на превенцијата

1.Примарна превенција – да се смали ризикот од штетни навики.

Преку  површински психолошки методи:

*разговори

*советувања и

*убедувања за:

Избалансирана исхрана, поголема физичка активност, позитивно размислување, хармонизација на меѓучовечките односи, контрола на стресот, равнотежа (работа-одмор-рекреација)

 2.Секундарна превенција Кај групи со голем ризик, кои веќе прифатиле ризично однесување. Посебно кај млади кои пушат. Тоа се почнува со:

а. Поттик за започнување на одвикнување од пушењето со  различни тестови, со цел самиот пушач да ја увиди својата состојба и својот статус:

-Фагестром тест,

-Рос тест,

-тест за спремност,

-мерење на јагледорен моноксид и сл.

б.Подготвување на План, Препораки и  Интервенции за промена на однесувањата и  негативните ставови кон здравиот нач ин на живот.

  • Се направат краткорочни стратегии и објективно се следат сопствените навики во врска со пушењето во различни ,,custom made,, временски рамки (1,2,3 год.)
  • Препораки со кои е можно одвикнување  од пушењето, но мора непрекинато и веднаш да се остават цигарите од минимум 5 дена, па се до 10 дена кои се сметаат за најкритични:

– редовно туширање,

– пиење доста вода,

– редовен одмор,

-да се избенува  пасивен по оброк,

-да не се пијат одредени пијалоци (алкохолни пијалоци, кафе, чај, кока – кола),

– да се избегнуваат висококалорични оброци и слатки,

-почесто да се конзумира овошје,

-да се конзумира дополнителна количина витамини,

-да се избегнуваат ,,чудотворни пилупи или напивки,, бидејќи не дејствуваат кај сите пушачи.

  • Се делува на можна појават на проблематични ставови, како што се овие прашања:
  1. Што ако се здебелам? – Ако едно лице од пушењето, не се префрли на друга ,,помалку опасна зависност,, (грицки итн) нема да се здебели.
  2. Зошто повеќе јадам и зошто имам задоволство поголемо, од тој период кога бев пушач? – Се јавува деблокирање на мирисок и вкусот, што доведува до поголемо конзумирање на храна. Лицето ужива во мириси и вкусови на кои самиот организам заборавил (пилешка супа итн.)
  3. Зошто би прекинал со пушењето? – Бидејќи не сакате да внесувате отрови, кои ја зголемуваат веројатноста за заболување од било која болест.
  • Се користи ефектот на – одвикнување во група”.

Секој во групата ќе дава придонес и ќе има поддршка од другите пушачи кои сакаат да се одвикнат. “ Ајде да се одвикниме од пушењето заедно“ или “Ако тој тоа го може, тоа го можам и јас“.

BezTutun

За да се постават правилни цели и ставови во врска со одвикнувањето од пушењето/ставови спрема употребата на цигари,мора да се знаат  фактите за пушењето:

 

Тутун

# Потекнува од тропските зони на Америка

*Содржи: 4000 компоненти кои се опасни – алкалоиди, органски киселини, алкохоли, алдехиди и кетони, естри, амини итн.

Најопасен е кога е во гасна фаза (за време на согорување) и содржи неколку отровни гасови, меѓу кои јаглероден моноксид, кој формира јагленохемоглобин во крвта, и ја намалува способноста на крвта да пренесува кислород во организмот на пушачот.

Јаглероден моноксид

* Резултат на непотполно согорување на тутунот

* Отров, без боја и мирис

* Формира јагленохемоглобин во крвта, и ја намалува способноста на крвта да пренесува кислород во организмот на пушачот

Никотин

Со една пакета цигари се внесуваат 6-11 мг никотин, а се апсорбираат 1-3 мг

* Времето на полураспаѓање (време кое е потребно за концентрацијата на никотин во крвта опадне за половина е 2-4 часа), 1 цигара има влијание цели 8 часа!

*Води до никотинска зависност. Еуфорија па депресија, преку активација на рецептори во мозок.Чист никотин е нај јак отров. Во цигарите го има 1-3%.

Катран

*Производ од сува дестилација на содржината на листовите на тутунот – со реална опасност од кондензација во форма на леплива сирупeста маса во белите дробови која предизвика заболувања

*Содржи преку 50 канцерогени супстанции

 

 

Др.Марија Врчковска

Спец. по социјална медицина

 

 

Leave a Reply