“Дознај ја висината на твојот крвен притисок“- Светски ден на хипертензијата 17.05.2017

“Дознај ја висината на твојот крвен притисок“– Светски ден на хипертензијата – Среда 17. 05 2017 год ,

А месец Мај 2017 е месец за мерење на крвниот притисок.

 

10 милиони изгубени животи !!

 

Секоја година 10 милиони лица во светот умираат непотребно заради висок крвен притисок, правејќи го единствениот најчест убиец на планетата. Лицата имаат срцев или мозочен удар или умираат од друга кардиоваскуларна компликација која е поврзана со хипертензија – медицински назив за висок крвен притисок. И вистинската трагедија е дека само половина од тие кои умираат на овој начин не биле запознати со својата состојба, односно дека имаат висок крвен притисок.

 

Сакаме тоа да се промени, Да почнеме!!

 

Месецот Мај како месец за мерење на крвниот притисок е глобална иницијатива која е водена од две организации кои ги застапуваат најпознатите кардиолози и истражувачките специјализанти за срцеви заболување – Интернационалното здружение за хипертензија и Светската лига за хипертензија.

Цел  е да се измери крвниот притисок на неколку милиони лица кои е полнолетни, односно постари од 18 години од 1 до 31 Мај 2017 година во центрите за скрининг кои се наоѓаат во преку 100 земји. Сакаме секој од нив да ни овозможат скрининг на нивниот притисок и да им кажеме што да преземат.

И Центарот за Јавно Здравје Битола, Р.Македонија, се приклучува кон оваа акција, се со цел да се помогне  да се подобри свеста и да се спасат многу животи.

 

Направете проверка на Вашиот крвен притисок!

 

1.Што е хипертензија

Хипертензија е состојба наречена висок крвен притисок каде артерискиот крвен притисок достига високи вредности над нормалното ниво (120/80 mmHg).

Тоа е медицинска состојба која уште се нарекува ,,тивок убиец,, бидејќи не покажува било каков јасен симптом.

 

Само изразената хипертензија има некои симптоми :

-главоболка,

-несоница,

-палпитација,

-замаглен вид,

-несвестица,

-конфузија,

-зуење во ушите,

-тешкотија во дишењето,

-тахикардија што може да доведе и до кома.

síntomas hta

Поделен е во два типа:

Примарна или есенцијална хипертензија и Секундарна хипертензија,

поради  факторите кои ја предизвикале.

Примарната хипертензија е почест тип, но причините за нејзино настанување се непознати.

Причините за појава на секундарна хипертезија се оштетување на бубрезите, прекумерна активност на адреналната жлезда, апнеа при спиење, тумори, користење на рекреативни дроги, дисфункција на тироидната жлезда, аортична коарктација, состојби кои се поврзани со бременост, прекумерно дозирање или погрешно дозирање на лекови, алкохол, лоша исхрана итн.

Исто така може да се наследи од родителите на децата доколку имате хипертензија во фамилијата или дијабетес, прекумерна тежина, пушење, недостиг на физичка активност, прекумерно конзумирање на алкохол, користење на орални контрацептивни пилули итн.

 

2.Компликации од хипертензија

Атеросклеоза, што значи стеснување или  значи зачепување на артерии во мозокот (мозочен удар), срцев удар, анеуризма, откажување на бубрезите, откажување на работата на срцето, оштетување на очите итн.

3.Превенирање и лекување на  хипертензија како сериозна состојба

Потребни се промени во стилот на живот и следење на здрави навики: -избегнување на пушење и алкохол,

 -низок внес на сол 1,5-2,5гр/ден,

-исхрана со мало количество на масти и многу влакна, овошје и зелени зеленчуци,

– соодветна физичка активност, аеробик,

– здрава тежина,

– редовна проверка на пулсот и притисокот, намалување на стресот,

– намалување на ЛДЛ холестеролот (холестерол со ниска густина – лош холестерол).

HranaVKP

 

 

4.Зошто се слави Светскиот ден на хипертензија

 

Светскиот ден на хипертензија се слави секоја година од 2015 за да се пренесува   пораката, помеѓу општата популација, за одржување на нормален крвен притисок. Да се укаже дека високиот крвен притисок предизвикува тешки  здравствени компликации и може да води до голем ризик за срцето, мозочен удар, болест на бубрезите, болести на очите, кома и дури и смрт.

Во светски рамки, се забележува дека околу 3 од 10 лица имаат хипертензија. Тоа значи дека просечно 1,8 билиони лица глобално страдаат од хипертензија и најголемо изненадување е дека 50% од нив не се свесни за нивната состојба, а дел се свесни за состојбата но не преземаат мерки .

 

5.Целите за прославување на оваа кампања  на годишно ниво

 

  • Мотивација на населението за редовни прегледи на нивниот крвен притисок најмалку еднаш годишно
  • Охрабрување на лицата со хипертензија на глобално ниво да поттикнуваат спроведување на редовни прегледи и лобирање кај сопствените лекари за соодветен третман
  • Да се промовира (посебно на младите лица) одржување на нивната нормална тежина, нормално ниво на холестерол, нормален крвен притисок, здрав стил на живот, здрава исхрана, редовна физичка активност итн.
  • Охрабрување на лицата да ги отфрлат лошите навики како што е конзумирање на алкохол, мрзеливоста, конзумирање на мрсна храна, пржена и зачинета храна, пушење, дебелината, прекумерната тежина итн.
  • Мотивација на лицата за редовни проверки на нивното здравје и крвниот притисок со можност за проверка преку  бесплатен пункт за проверка на крвниот притисок
  • Подигнување на свеста на јавноста за крвниот притисок, високиот крвен притисок, компликациите, како да се одржува нормалниот крвен притисок, тежината и здравиот стил на живот.
  • Охрабрување и мотивирање на сите здравствени работници и соработници за овозможување на соодветен третман и регуларни прегледи за нивниот пациент.
  • Поттикнување на населението за одржување на здравиот стил на живот и здрави навики за целиот живот
  • Поставување на повеќе болници и други здравствени центри во ранливите подрачја за олеснување на животот на населението
  • Промовирање на рана детекција, превенција и контрола на артериската хипертензија во ранливите категории

 

Leave a Reply