Европска недела на имунизација

Под мотото „ Заштити, спречи, вакцинирај! “ од 24 до 30 Април годинава во Република Македонија се одржува Европската недела на имунизација.

Вакцината е најисплатлива јавна здравствена превентивна мерка со која се елиминирани или редуцирани на минимум многу заразни болести од кои луѓето умирале во минатите векови. За болестите за кои е најдена, вакцините спречуваат смртен исход или инвалидност и со нив се намалени трошоците за лекување.

Целта е да се подигне свеста на родителите зошто е потребно да се вакцинираат нивните деца, особено кога се јавуваат антивакцинални кампањи, што може да го загрозат животот на најмладите и да вратат епидемии кои веќе се искоренети.

Во рамки на одбележување на неделата се спроведе и теренска вакцинација со цел откривање што повеќе невакцинирани деца.

Заштити, спречи, вакцинирај!

 

Вакцинирањето во нашата земја е задолжително

  • Вакцинацијата е бесплатна
  • Вакцинацијата и ревакцинацијата се согласно календарот за вакцинација
  • Вакцините се квалитетни, проверени и безбедни
  • Право на секое дете е да биде вакцинирано
  • Должност на секој родител е редовно да го носи своето дете на вакцинација
  • Обврска на здравствените лица е редовно да ја извршуваат вакцинацијата кај децата

 

Центарот за јавно здравје Битола со своите активности, преку делење пропагандни материјали, учество на медиуми, организирање предавања во основните и средните училишта во Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар зеде активно учетво во одбележувањето на оваа eвропската недела на имунизација.

thumbnail_imun 2017

Leave a Reply