Монографија на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола

Во рамките на Eвропската недела на имунизација ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола ја промовираше книгата “Јавното здравство и превентивната здравствена заштита“ во Битола, од проф.др.Александар Стерјовски – Монографија на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола.

Поводот за оваа монографија е еден век оргазинираната превентивна здравствена заштита во Битола како и 20 години од осамостојувањето на установата.

Промоцијата беше одржана во Малата сала на Центарот за култура Битола, а во присуство на претставници од Министерството за здравство, претставници на Институтот за јавно здравје, како и многубројни гости.

На промоцијата говореше Државниот советник при Министерството за здравство, прим.др.Јованка Костовска која го поздрави издавањето на оваа значајна Монографија и уште еднаш ја нагласи важноста на редовната имунизација.

Директорот на установата, прим.др.Тони Коњановски уште еднаш ја потенцираше улогата на превентивата во Битола, укажувајки дека на овие простори има висока здравствена култура и нагласувајки го фактот дека  во Битола е организирана и спроведена масовна имунизација уште во 1912-1913г, кога против големи сипаници се вакцинирани над 9500 луге.

На присутните се обрати и авторот на книгата, проф.др. Александар Стерјовски, кој  откри дека оваа монографија крие уште многу интересни факти за предизвиците со кои се срекавале и се срекаваат здравствените работници во Битола во изминатиот век.

Imunizacija1913

Настанот побуди и голем интерес кај медиумите:

Leave a Reply