ДЕПРЕСИЈА АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ

posted in: здрав живот | 0

Светскиот ден на здравјето, на 07.04.2017 година се одржа под мотото ” ДЕПРЕСИЈА АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ “.

Депресијата се дефинира како болест која ги вклучува чувствата на тага, безнадежност или беспомошност во траење од две недели и повеќе.

Депресијата не е привремено чувство или стрес, ниту слабост на карактерот. Таа е мошне опасна болест која квалитетот на животот може значително да го уназади доколку не се лечи навреме.

Епидемиолошки карактеристики

  • 2/3 од лицата со депресија не бараат нужна помош (не одат кај психолог);
  • депресијата е отприлика 2 пати почеста кај жените одошто кај мажите;
  • шансите дека ќе добиете депресија се поголеми ако имате некого во блиско сродство со дијагноза на депресија;
  • над 90% од лицата кои извршиле самоубиство имале некое ментално пореметување;
  • депресијата станува се почеста помеѓу младите генерации;
  • според податоците на Светската здравствена организација, до 2020 година депресијата ќе стане водечка причина за смрт и онеспособеност во женската популација, а по кардиоваскуларните заболувања втора причина за смрт во севкупната популација;
  • 80% од луѓето со клиничка депресија забележуваат подобрување во квалитетот на животот по лечењето.
  • Најголем процент се во возраснат категорија од 40 до 45 години.

 

Кои се препознатливи симптоми на депресија, според кои можете да откриете – осознаете дали ве „фатила“? Утврдени се следниве:

  • не можете да спиете или спиете премногу;
  • задачите кои некогаш биле лесни сега ви се тешки (летаргија);
  • се чувствувате безнадежно и беспомошно;
  • концентрацијата ви опаднала и имате проблеми со донесување на одлуки;
  • сте изгубиле интерес за речиси сите активности;
  • не можете да ги контролирате своите негативни мисли, без оглед колку да се трудите;
  • сте изгубиле апетит или не можете да престанете да јадете;
  • имате намалена сексуална желба или сосема сте ја изгубиле;
  • забавени сте и раздразливи;
  • имате мисли дека животот не е вреден за живеење (ако е ова случај, итно побарајте помош).

ЗАПОМНЕТЕ:

Има многу нешта што можете да ги направите за да останете и понатаму ментално силни. Доколку почувствувате дека се движите кон депресија, поразговарајте со некого кому му верувате или побарајте професионална помош.

Што можете да направите ако се чувствувате нерасположени или мислите дека можеби страдате од депресија

  • Останете поврзани со околината. Одржувајте ги контактите со семејството и пријателите.
  • Побарајте професионална помош. За почеток, можете да му се обратите на вашиот локален здравствен работник или лекар.
  • Редовно вежбајте, па нека е тоа и кратка прошетка.
  • Одржувајте си ги редовните навики во поглед на јадењето и спиењето.
  • Избегнувајте или ограничете го внесот на алкохол и немојте да користите дрога; алкохолот и дрогата можат да ја влошат состојбата со депресијата.
  • Продолжете да ги правите работите што секогаш сте сакале да ги правите, дури и кога тоа не ви е по волја.
  • Внимавајте на постојаните негативни мисли и самокритичност и обидете се да ги замените со позитивни мисли.
  • Честитајте си на успесите што сте ги постигнале.

Центарот за јавно здравје Битола со своите активности, преку делење пропагандни материјали за депресијата во основните и средните училишта, Здравствениот дом – Битола, Клиничка болница Битола, како и во други здравствени и социјални организации на подрачјето на Центарот за јавно здравје Битола, настојува населението  да е информирано за овој здравствен проблем. Исто така беше организирана трибина со предавање  со предавање за депресијата во ДСУ Кузман Шапкарев за учениците и наставниците, проследено со богата дискусија.

Подготвил

Прим.Др Лиљана Милевска

 

 

Leave a Reply