24.03.2017-Заедно за крај на Туберкулозата

Спoред  податоците на СЗО туберкулозата стананува глобална опасност и се смета дека ја има повеќе отколку било кога порано.Се проценува дека во светот годишно се заразуваат околу 8,6 милиони луѓе, а секоја година од туберкулоза умираат 1,3 милиони луѓе.

Во 2017, Заедно за крај на Туберкулозата мора да биде повеќе од слоган!

Оваа година треба биде многу важна за сите нас кои работиме во јавното здравје и лицата кои се заболени од оваа болест. Треба да се чувствуваме енегрични и полни со надеж бидејќи сега сме на многу различна точка од каде тргнавме пред 10 или дури пред 5 години во смисла на глобален одговор и внимание посветено на туберкулозата. Туберкулозата во денешно време се смета за закана за јавното здравство и е многу појасно воочлива во глобалната и регионалната здравствена и социо-економска агенда. Треба да бидеме свестни дека вистинската работа и напори за да се намали инциенцата на туберкулозата се наоѓаат во заедницата, во секое мало село и соседство.

Оваа година Центарот за јавно здравје Битола,  се фокусира кон проширување на  активностите, како одговор на најзначајните  три предизвици, кои мора да бидат разбрани на правилен начин:

  • Мора да бидеме сигурни дека парите кои се достапни или е најавено дека ќе бидат достапни ќе бидат добро искористени. Средствата треба да се достапни за секое лице инфицирано од туберкулоза, исто така потребни се и за дијагностика и правилен третман и нега на болните лица. Потребно е се промени начинот на кој се работи веќе долго време. Тоа малку што го имаме во врска со туберкулозата треба да се одржи и секој денар треба добро да се пресмета. Политичката одржливост е основата за финансиска одржливост, како што е и општо познато. Треба да бидеме во можност да презентираме дека средствата даваат резултати во смисла на зачувување на животи, и во превенција на нови случаеви, и одржување на лицата кои се заболени, во добра здравствена состојба. Ова треба да биде во центарот на работата на глобално ниво за 2017.
  • Постојаната општествена ангажираност, треба да покаже дека постои незапирлива потреба за застапување, активирање и продолжување на заложбите, преку одбележување на Светскиот Ден на туберкулозата 2017, под мотото “Заедно за запирање на туберкулозата”. Се трудиме да имаме поголемо покривање и преку нашите специјални кампањи,  а исто така се обидуваме да ја приближиме проблематиката поблиску до луѓето и лицата одговорни за одлуките.  На ниво на држава е многу битно за да се подигне и вниманието, за болеста, на сите државните претставници.
  • Ќе работиме, за да се осигураме дека ќе го имаме највисокото ниво на дијалог и ангажираност за време на значајните моменти кои ќе се случуваат оваа година.

Leave a Reply