21-28 Феврури – Недела за борба против срцевите заболувања.

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот. Во најголем број случаи тие долго време остануваат недијагностицирани. Со оглед на начинот на живот, во иднина се очекува бројот на лица со кардиоваскуларни болести значително да се зголемува. Еден од најзначајните ризик фактори за овие болести е стресот.

Претставуваат “убиец” број еден во земјава, бидејќи трендот на смртност од овие заболувања е во постојан пораст, додека во вкупната смртност учествуваат со 60 отсто.

21-28 ФевруриНедела на Црвен крст на Република Македонија за борба против срцевите заболувања.

Центарот за јавно здравје Битола со волонтерите од Клубот 25 при ОО ЦК Битола организира трибина во просториите на Црвениот крст  на Битола, на која се одржа предавање за срцевите заболувања, и на присутните граѓани и ученици им беше поделен пропаганден материјал со што  се вклучи во одбележувањето на оваа недела која е прогласена за светска од страна на СЗО со цел да се подигне свеста кај населението за овие болести.

Предиспонирачки фактори

  • Мала телесна површина
  • Дебелина
  • Над 40 години старост
  • Висок крвен притисок
  • Дијабет
  • Инактивност
  • Прекумерна физичка активност
  • Пушење и конзумирање алкохол
  • Ексцес на неадекватна масна храна

2

Превенција на срцеви заболување

Храна и течности

  • Лесна храна богата со витамини
  • Сол во минимални количини – врзува течности – опасност за пациенти со срцева слабост
  • Течности – ДА , но не премногу.

Што да се пие???

  • Избегнувај кафе и кофеинизирани чаеви
  • АЛКОХОЛ НЕ
  • Вода, природни сокови,
  • Електролитни пијалоци

Диететски водич
Препорачано

  • Овоштие, зеленчук
  • Омега 3 масни кислеини
  • Монозаситени и полизаситени масти ( маслиново и сончогледово масло)
  • Риба

Да се избегнува

  • Храна богата со холестерол и заситени масти
  • Жолчка
  • Мрсно месо и месо од органи ( Црн дроб)
  • Пилешко со путер / поховано
  • Пржена риба!
  • Млечна маст – топен путер,
  • Путер, кашкавал,сладолед, полно масно млеко,
  • Скриени масти како бисквити, колачи, пецива
  • < 6 гр.сол дневно
  • < 2 алкохолни пијалока

 Вежби умерени во рани утрински часови

 Овозможува

– Намалување на инциденцата на обезност

– Го зголемува HDL

– Го намалува LDL и тоталниот холестерол

– Помага во контролата на дијабетесот и хипертензијата

– Ја намалува смртноста

– Намалува инциденца на срцев и мозочен удар

– Регулира хипертонија

 

Престани со пушење СЕГА!

Познавај го својот број!

      Посакувани бројки

 

  • Вкупен холестерол < 5,2;
  • LDL < 3,5
  • HDL >1
  • Триглицериги < 2
  • Нивото тестирајте го рутински и зачувајте го под контрола
  • 10% намалување на холестеролот во крвта создава 20-30% опаѓање на смртноста од коронарни срцеви заболувања

Контролирање на крвниот притисок

Контролирање на гликемијата

 Следењето на здрав начин на живот не мора да биде комплицирано, и не значи дека треба да се води живот на лично лишување. Напротив, најди начин да ги вметнеш здравите навики во твојот начин на живот – и можеш да живееш поздрав живот во годините што доаѓаат.

                                      

Leave a Reply