14 Ноември – Светски ден на дијабетот

Светскиот ден на шеќерната болест – World Diabetes Day (WDD), има за цел да ја подигне свеста за шеќерната болест во светот.

Секоја година се одбележува на 14-ти Ноември и се наметнува како потреба, поради растечките проблеми со шеќерната болест која претставува оптеретување за болниот, за неговите блиски и за заедницата во целина.

Оваа 2016 година мототото е ПОГЛЕДНИ МУ НА ДИЈАБЕТОТ ВО ОЧИ, а подразбира да се насочи вниманието на дијабетот.

Овогодинешните активности и пораки се фокусираат на:

  1. Промоција на важноста на скринингот за рана дијагноза на дијабет тип 2 и негово навремено лекување, се со цел намалување на ризикот од сериозни компликации и
  2. Скрининг на компликациите од шеќерната болест, како дел од грижата за лицата со шеќерна болест.

1.Скрининг за дијабет тип 2 е битен за да се измени текот на болеста и да се намали ризикот од компликации

Во 2015 година, 415 милиони возрасни лица живееле со дијабет.Овој број се очекува да се зголеми до околу 642 милиони или еден на десет возрасни лица до 2040.

Едно од две возрасни лица со дијабет не се дијагностицирани.

  • Многу лица, живеат со дијабет тип 2, долг период без да бидат свесни за нивната состојба. Кога ќе се постави дијагнозата, веќе постојат компликации.
  • 70% од случаевите на дијабет тип 2 можат да бидат превенирани со примена на поздрав стил на живот, а тоа би значело 160 милиони случаеви до 2040.
  • Со зголемување на нивото на лоша исхрана и пасивен стил на живот, без физичка активност, кај децата во многу држави, дијабет тип 2 во детска возраст има потенцијал да прерасне во глобален јавноздравствен проблем кој води до сериозни здравствени последици

12% од вклупните глобални трошоци за здравство моментално се наменети за возрасни со дијабет

Бројот на лица со дијабет во државите со ниски и средни примања ќе продолжи да се зголемува и ќе претставува закана за постојан развој.

  1. Скринингот за компликации од дијабет е многу важен за справувањето од сите типови на дијабет
  • Едно од две лица со дијабет останува недијагностицирано, што го прави посебно подложен на компликации на состојбата и прерана смрт
  • Повеќе од 640 милиони лица можеби ќе живеат со дијабет до 2040. Одложеното поставување на дијагноза значи дека многу лица со дијабет тип 2 ќе имаат барем една компликација до времето кога ќе се дијагностицира дијабетот
  • Во многу држави дијабетот е водечка причина за слепило, кардиоваскуларни заболувања, бубрежни заболувања и ампутација на екстремитети.
  • Повеќето од лицата ќе развијат и ќе живеат со дијабет тип 1.

Децата не се поштедени од оваа глобална епидемија.

Кај деца и адолесценти дијабетот тип 1 расте секоја година за 3%, а кај предшколски деца за 5%.

Трошоците за лекување на болеста и компликациите од неа ги оптеретуваат не само луѓето со дијабет, туку и целиот здравствениот систем, посебно во земјите во развој, каква што е и Македонија.

Што е дијабетот? Дијабетот е заболување во кое нивото на гликоза во крвта (крвен шеќер) е хронично зголемено – хронична хипергликемија, како резултат на нарушувањата во инсулинската продукција или функција.

Што е дијабетот? Тоа е хронично заболување и трајно мора да се посвети внимание на неговото лечење како би се спречиле компликациите.

Што е инсулинот? Инсулинот е хормон од витална важност кој го произведуваат бета – клетките на панкреасот. Инсулинот има клучна улога за пропуштање на шеќерот (гликозата) во клетката. Кај дијабетот се лачи премалку инсулин или иститот е со нарушена функција и целиот шеќер внесен со храната, од крвта не може да премине во мускулите и другите клетки кои произведуваат енергија. Ако шеќерот не може  да влезе во клетките за да биде искористен, се насобира во крвта и има повишен шеќер во крвта.

Можности за превенција доколку се познаваат ризиците:

– стрес (кога е стресот јак или подолго трае, зголемената концентрација на адреналин предизвикува постојана хипергликемија. Опасна состојба!)

– неизбалансирана исхрана и прекумерна телесна тежина BMI > 25kg/m²

– висок крвен притисок (над 140/90)

– низок HDL (добар холестерол) и високо ниво на масти

– физичка активност помалку од три пати неделно

– родител, брат или сестра со дијабет

– возраст над 45 години

slide22

slide23

Можности за превенција доколку ги знаеме компликациите:

  • Болести на крвни садови – срцеви заболувања и напади (поради атеросклероза)
  • заболувања на очите и проблеми со видот
  • бубрежни проблеми
  • оштетувања на нерви
  • оштетувања на непца и губење на забите
  • оштетување на бубрези

Според американскиот водич за превенција на дијабетот тип 2 за лица изложени на поголем ризик важат неколку совети:

  • Доколку имате прекумерна телесна тежина, ослабете !!
  • Намалете го внесот на масти и калории воопшто !!
  • Не практикувајте високопротеински и високојагленохидратни диети !!
  • Внесувајте доволно прехрамбени влакна – на 1000 калории внесете 14 грама влакна
  • Редовно вежбајте барем 2 часа неделно !!

ПРЕПОРАКИ

Одредете го својот ризик за заболување од шеќерна болест тип 2,

проверете го шеќерот во крвта,

ако веќе имате дијагностициран дијабет, направете прегледи за да установите дали некои од компликациите веќе се развиле и како можете да ги спречите или да ги успорите

 

 

Leave a Reply