Недела за борба против туберкулозата 2016 година

Неделата на борба против туберкулозата и белодробни болести е третата недела на Септември спрема Националниот и Меѓународниот календар на здравје и вистински момент е да повторно се “потсетиме” на туберкулозата, бидејќи таа не припаѓа само на минатото како можеби се верува, па можеби и заради тоа од неа и не се плашиме.

Долго се сметало дека ТБЦ ќе биде искоренета, но тоа мислење во последно време е променето.

Спoред  податоците на СЗО туберкулозата станува глобална опасност и се смета дека ја има повеќе отколку било кога порано.

Постои голема поврзаноста на заболувањата со социјално-економските услови и воопшто начинот на животот на луѓето. Туберкулозата е една од првите болести која е врз основа на овој факт, ставена е во групата на социјално-медицински, и ако се работи за заразна болест.

  • Истовремена епидемија или ко/епидемија на СИДА/ТБЦ,
  • Сиромаштија во пораст и расслојувањето во голем дел од светот,
  • Неправилен/несоодветен начин на исхрана на поголемиот дел од населението(посебно во градовите),
  • Епидемијата на масовните хронични незаразни болести (рак, шеќерна болест…),
  • Начинот на живот и навиките кои го загрозуваат здравјето на се поголем број на лица (седален начин на живот, постојан стрес, недоволен одмор и ноќен сон, пушење, алкохол, дрога, злоупотреба на лекови),
  • Секојдневната изложеност, посебно на урбаниот човек, на различни фактори на ризик во животна и работна средина и неповолното нивно влијание на здравјето и природниот општ имунитет на организмот.
  • Злоупотреба на дрогата, бездомноста, зголемен број на луѓе во установи за згрижување
  • Неприфатливост на терапискиот режим .Загрижува и појавата набактериски соеви кои се резистентни на анибиотици

ТБЦ е една од најраширените заразни болести во светот и се смета дека секоја година се заразуваат околу 9 милони лица.

20% од сите заразени имат латентен облик на болест без изразени симптоми. Од оние кои развиваат активна форма на болеста, секоја година во светот умираат по 2 милиони луѓе,што ја прави ТБЦ за најсмртоносна заразна болест после СИДА.

Најчесто се јавува како ТБЦ на плуќа, но може да зафати и централен нервен систем (meningitis), циркулаторен систем (милиарна ТБЦ), лимфоидно ткиво, генитоуринарен систем, коски, зглобови.

КОЈ Е ИЗЛОЖЕН НА ЗАБОЛУВАЊЕ

Сите луѓе. Но помалку отпорни на инфекција се жени, деца, ХИВ позитивни особи, избеглици, патници.

 ПРЕДИЗВИКУВАЧ НА ТБЦ

Туберкулозата (ТБ или ТБЦ ) е заразна болест предизвикана од бактерија:

а) Бацил на туберкулозата, Mycobacterium tuberculosis, Kochov bacil – главен предизвикувач на туберкулозата во цел свет

б) Бовин предизвикувач на туберкулоза (Mycobacterium bovis) е предизвикувач на зараза кај стоката во Европа и Америка.Заразата се пренесува на човекот преку млекото.

в) Нетуберкулозни микобактерии.Многу од нив не се многу опасни.

НАЧИН НА ПРЕНЕСУВАЊЕ

Туберкулозата е примарна болест која се пренесуа преку воздухот. И преку личните предмети кои припаѓаат на заболен од активна туберкулоза како што е облека,постелнина и др предмети кои тие ги допирале.

Адекватна вентилација е најзначајна мерка за спречување пренесување на болеста.

Болните се заразни кога нивниот исплувок содржи бацили,кога често кашлаат и кога раширеноста на болеста е многу голема.

Туберкулозата од лице на лице се шири преку микроскопски капки кои се исфрлаат од плуката кога туберкулозен болен кашла, зборува, дише, пее.

 Единствено болни со активна ТЦ се контагинозни. Капките се многу ситни и долго остануваат да лебдат во воздухот и може да бидат вдишани.Инфекцијата почнува кога бацилот ќе дојде до плукните алвеоли и се размножува во алвеоларните макрофагите.

ИНФЕКЦИЈА

Место на иницијална инфекција се обично алвеолите.Во алвеолите макрофагите ги разградуваат вдичаните М.Tuberculosis.Некои бацили веднаш биваат убиени но некои остануваат и се размножуваат во макрофагите.По 2-8 недели по примарната инфекција кај луге со нормален имунитет,макрофагите кои се распаднале на делчина со бацилите се изложуваат на дејство на друга врста бели крвни клетки Т-лимфоцити.Овие се стимулираат и испраќаат сигнали за воспалителна реакција и за активација на други кл специјализирни да ги убијат бацилите и да ги претворат, заедн со  макрофагите, во ситни тврди сивкасти туберкули.

Внатре во туберкулот бацилот може уште да перзистира, но понатамошното ширење му е ограничено.Поголемиот број луѓе во целост се излекуваат по иницијалната инфекција атуберкулите калцифицираат.Позитивниот туберкулински тест, и плукен радиограм,моче да се единствен доказ за инфекцијата

Ако одбранат на организамот е послаба поради возраста,ХИВ-инфекција,малнутриција и др. Бацилите моќе да излезат од туберкулот во алвеолите и да доведат до активна болест.

Дали од инфекцијата ке се развие болест зависи од:

-големината на инфективната доза(бр на вдишани бацили)

-отпорност на организамот

БОЛЕСТ

10% од луѓето заразени со М.Tuberkuloze, имаат шанса да развијат активна туберкулоза. Активната туберкулоза резултира со ширење на бацилот од алвеолите преку крвта или лимфата на други места воплуката или лимфните јазли.Во 15% случаи и на други подрачја: кожа, бубрези, коски како и репродуктивни и уринарен систем.

На новите мест,имуниот систем на организамот убива многу бацили,но изумираат и имуни клетки и локално ткиво.Се ствараат грануломи со сиреста (казеозна) некроза во која бацили преживуват. Грануломот се шири и се повеќе го оштетува околното плуќно ткиво,се ствара комуникација со плукните воздушни патишта(бронхи) и со кашлање се исфрлаат бацили во надворешната средина,ако се оштети и крвен сад се исплукува крв.Се отешнува дишењето поради интензивно оштетување на плуќното ткиво.

 

КОГА ДА СЕ ПОБАРА ЛЕКАРСКА ПОМОШ?

 

Ако болниот покаже барем еден од следниве симптоми да се помисли на туберкулоза:

-кашлица подолга од 3 недели

-искашлување крв

-бол во гради повеќе од 3 недели

-повишена температура подолго од 3 недели и ноќно потење

-губење апетит и тежина

simptomitb

ЛЕКУВАЊЕ

Со соодветна антибиотска терапија туберкулозата се лекува во 90% случаи.

Успешноста на лечењето зависи од блиската соработка напациентот и докторот и другите здравствени работници.

ПРЕВЕНЦИЈА

– Хигиена на околината:

– Намалување на зачаденост на простории, проветрување и изложување на сончева топлина и светлина на  живеалиштата и на постелнината, дезинфекција на садови и подови, избегнување на плукање на несоодветни места

– Проветрување на простории

– Плукањето е лоша и неприфатлива навика,треба да се укаже на тоа

– Правилна исхрана

-BCG вакцина за зголемување на одбрамбената моќ на организамот

-Правилно лекување на ТБЦ болен

Кога се разговара за примарната превенција на туберкулозата, треба да се нагласи дека најголем успех може да се постигне со истовремено делување – како на поединците така и на организираната заедница – во двата правци.

1.Еден правец е делување на надворешните (променливи) фактори на ризик, во смисол на нивно намалување или отстранување во потполност од животната и работната средина.

2.Другиот правец е интегрирана промоција на здравјето во широк опсег која би требало да обезбеди на секоја единка поголема контрола над сопственото здравје.

Активности на ЦЈЗ Битола
Во врска со одбележувањето на Неделата на борба противи туберкулозата (14-21. 09. 2016 год) се спроведува кампања која во себе вклучува: предавања, трибини, изработка на едукативни метеријали, посебно едукација на пушачи, болни со хронични заболувања, школски деца  и др. ризични групи за  подобрување на стилот на живот и квалитетот на живеење.

Изготвил:

Др.Марија Врчковска, спец.по социјална медицина

Leave a Reply