Aџилак во Саудиска Арабија во 2016 година

ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола во целост ја пренесува информацијата од Институт за јавно здравје на РМ, а која се однесува на препорачаните превентивни мерки за лицата кои патуваат на аџилак во Саудиска Арабија во 2016 година:

Во согласност со препораките од СЗО дадени во последното издание на International Travel and Health 2016 (Меѓународни патувања и здравје 2016), како и Weekly Epidemiological Record No.26/27, 2016,  9126, 329-340 (1 JULY 2016), Саудиска Арабија е во фаза на пред елиминација на маларија, додека ризикот од жолта треска не постои.

Дадените препораки се однесуваат на лицата кои треба да одат на Хаџ, (Pilgrim) во 2016 година.

1.Жолта треска

Саудиска Арабија бара сертификат за примена вакцина против жолта за патниците над 1 годишна возраст кои доаѓаат исклучиво од земји со ризик од трансмисија на жолта треска и за патниците кои транзитирале повеќе од 12 часа на аеродром во земја со ризик од трансмисија на жолта треска.

Сертификатот за вакцинација против жолта треска важи доживотно.

Препораки: За патниците од Р. Македонија, НЕ Е ПОТРЕБНА вакцинација против жолта треска.

 2. Маларија

Ризик: Локална трансмисија која е пријавена само во селата на границата со Јемен (освен во областите со висока надморска височина на провинцијата Asir) се должи претежно на P. falciparum и воглавно е во периодот од септември до јануари. Инциденцата е намалена на помалку од 0,3 случаи / 100.000 жители.

Не се регистрирани случаи на маларија во градовите Мека и Медина, каде се спроведува Хаџот 2016.

Превенција: Согласно препораките на СЗО и Минситерството за здравство на Саудиска Арабија, НЕМА потреба за хемиопрофилакса за патниците од Р.Македонија кои одат на аџилак во Саудиска Арабија.

 3. Менингококен менингитис

Од патниците кои пристигаат на аџилак во Мека и Медина, се бара да достават потврда за вакцинација со квадривалентна (ACYW 135) вакцина (Четворотипна) против менингококен менингитис, примена пред не повеќе од 3 години и не помалку од 10 дена пред пристигнувањето во Саудиска Арабија.

Надлежните органи во земјата на потекло на патникот треба да им обезбедат на возрасните и децатапостари од 2 години 1 доза на квадривалентна полисахаридна (ACYW) вакцина.

Исто така, на сите возрасни лица и деца над 12 години од страна на Саудиските здравствени власти ќе им биде дадена хемиопрофилакса со ципрофлоксацин (една таблета од 500 mg) при влез во земјата.

 4. ЗИКА вирус 

ЗИКА вирус не е регистриран на територијата на Саудиска Арабија во 2016 година.

Основна целисходна, препорачана мерка е избегнување на каснување на комарци.

 5. Сезонски грип

Министерството за здравство на Саудиска Арабија им препорачува на сите аџии да се вакцинираат против сезонски грип со најновите достапни вакцини, односно оние за јужната хемисфера 2016 година, пред да пристигнат во Саудиска Арабија, особено оние кои се изложени на зголемен ризик од тешка форма на грип вклучувајќи ги бремените жени, децата на возраст од 5 години, постари лица и лица со коморбидитети како што се астма, хронична срцева или белодробна болест и инфекција од ХИВ/СИДА.

 6. Храна

На аџиите не им е дозволено да носат свежа храна во Саудиска Арабија, ниту да се враќаат со вода и хранителни продукти со потекло од Саудиска Арабија

Само правилно конзервирана или запечатена храна или храна во садови со лесен пристап за инспекција е дозволена во мали количини, што се доволни за едно лице за време на траењето на неговиот или нејзиниот пат.

 

Акции што треба да се преземат за време на аџилакот

Патниците кои ќе развијат респираторна инфекција за време на аџилакот, посебно инфекција придружена со треска и кашлица (доволно сериозни да ги пореметат вообичаените секојдневни активности), треба да се советуваат:

Да го известат медицинскиот персонал со кој патуваат или локалните здравствени власти;

Да ја прекријат устата и носот со шамивче кога кашлаат или киваат и да го фрлат шамивчето, па да ги измијат рацете, или ако ова не е можно, да кашлаат или киваат во ракавите од нивната облека, но не во рацете;

Да избегнуваат места каде има многу луѓе и да се изолираат самите додека не поминат респираторните симптоми, а доколку не е можно да се изолираат, да употребуваат шамивче за покривање на носот или устата или пак да носат хируршка маска.

Патниците треба да избегнуваат контакт со камили, да не посетуваат фарми, да не конзумираат непастеризирано млеко од камила, урина или недоволно термичко обработено месо.

Во случај на појава на заболување од меѓународен интерс поврзано со спроведување на МЗП 2005, МЗ на Саудиска Арабија ќе превземе дополнителни активности, преку кои ќе спроведе истрага, нотификација на случај, со мерки поврзани за известување на СЗО за биолошкиот ризик настанат на својата територија.

Прим. др. Жарко Караџовски, спец. епидемиолог,

Одделение за тропски и карантински болести

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје на РМ

 

Leave a Reply