28 Јули – Светски ден на хепатитот

 

Оваа година под мотото

Познавај го хепатитотдејствувај веднаш

се одбележува 28 Јули – Светскиот ден на хепатитот.

Визијата за елиминирање на хепатитот како закана за јавното здравје до 2030 година може да се оствари доколку луѓето и државите погодени од оваа болест бидат подобро екипирани и им биде овозможено да го „познаваат хепатитот“ и да „дејствуваат веднаш“.

Превенирај го хепатитот: Запознај се со фактите
  • 400 милиони луѓе  ширум светот се заразени со хепатит, 4000 умираат дневно
  • Заболени со Хепатитис Ц се 10 пати повеќе од заболени со ХИВ
  • Хепатитисот е причина за 80% смртни случаи од рак на црниот дроб (600.000 случаи годишно)
Превенирај го хепатитот: Од тебе зависи!!!
  • Не дели предмети за лична употреба ( жилети, четкички за заби…)
  • Не практикувај секс без заштита
  • Не користи туѓ прибор за инјектирање на дрога 
  • Внимавај, зошто вирусот се пренесува преку загадена крв и загадени игли и шприцеви
  • Води грижа за своето потомство – вирусот се пренесува од мајка на дете

WHD Globe_EN

 

Поради големината на глобалната епидемија секој може да биде под ризик од хепатит, затоа:

ИНФОРМИРАЈ СЕ! Со подобра информираност и познавање на ризиците од хепатит, луѓето можат да спречат нивно заразување и пренесување на заразата на други. За ова да се постигне потребно е луѓето да се тестираат и да дознаат дали има потреба да се лекуваат.

ВАКЦИНИРАЈ СЕ! Вакцината за Хепатит Б е достапна и препорачлива кај лица кои се изложени на ризик.

ТЕСТИРАЈ СЕ! Доколку сте биле изложени на ризик од заболување направете тестирање на примерок од крв

ЛЕКУВАЈ СЕ! Соодветното лекување на хепатитот Б и Ц може да спречи појава на главните животозагрозувачки компликации на заболувањето на црниот дроб од типот на цироза и рак на црниот дроб.Над 90% од заразените со хепатит Ц можат да бидат целосно излечени од вирусот во рок од 3–6 месеци.

 

Изворworldhepatitisday.org

 

Leave a Reply