Патувате на Олимписки игри во Бразил?!

Од 5 август до 21 август годинава во Рио де Жанеиро ќе бидат одржани Oлимписките игри. За таа цел ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола упатува да се следат препораките кои ги објави Институтот за јавно здравје на РМ кои се однесуваат на здравјето на патиниците на олимписките и параолимписките игри во Бразил.

Генералните препораки се однесуваат на обезбедување на безбеден и здрав престој во Бразил, со оглед на разликите во климата, храната и културните навики.

Поради опасноста од Зика вирусот важно е патниците да преземат мерки за да се заштитат од Aedes aegypti комарците, без оглед на дестинацијата или целта на посетата на Бразил.

Важно е да се напомене дека, во секоја ситуација, бремените жени треба да се консултираат со лекар пред да патуваат и да бараат посебна грижа за време на патувањето.

Истовремено, доколку се планира патување во руралните средини и шума вакцината против жолта треска е високо препорачлива, а една доза треба да се прими најмалку 10 дена пред датумот на поаѓање.

Целокупната информација може да се види на следниот линк

TOM_Schools_Cap_Sur_Rio_02

Leave a Reply