Светски ден против пушењето

Како и секоја година на 31 мај, ЈЗУ Центар за јавно Битола го одбележа Светскиот ден без тутун. Притоа уште еднаш беа изнесени следните клучни факти (според листа бр.339 ажурирана во јули 2015 година)

  • Тутунот убива до една половина од своите корисници.
  • Тутунот убива околу 6 милиони луѓе секоја година. Повеќе од 5 милиони од овие смртни случаи се последица на директната употреба на тутун од страна на починатите, додека во повеќе од 600,000 случаи станува збор за непушачи кои биле изложени на чад од цигари и починале како резултат на пасивно пушење.
  • Речиси 80% од вкупниот број пушачи во светот, кој се проценува на една милијарда, живеат во земји со низок и среден доход.

Активностите по повод овој ден на територијата на Р.Македонија беа следени и од Светската здравствена организација на следниот линк.

Leave a Reply