22 Март – Светски ден на водата

posted in: здрав живот | 0

Што е тоа?

Светски ден на водата е дел од глобалната мисија да се добие побезбедна вода за сите.

Тоа е ден за луѓето да научат, да се вклучат и да преземат акција.

Ова е 23-та година, а тоа е во организација на ОН вода.

Организацијата на Обединетите нации поставува тема секоја година.

Се лансира и кампањата  за големеото значење на врската меѓу водата, животната средина и климатските промени.

 

Зошто е важно?

Водата е основен предуслов за живот на сите  живи суштества на светот. За да тој живот биде нормален водата мора да има природен хемиски состав и да е чиста.

Поради безброј неповолни  делувања значајно се менуват:  водениот фонд на Земјата, хемискиот состав на водата, а воедно и водата  се повеќе се загадува.

Извори на загадување:

1.Индиректно загадување

–  истурање на штетни материи во земјиштето кои лесно преминуваат во подземните води а од таму во реки,езера и мориња

– ерозии на земјиштето и

-поплави.

2.Директно загадување

-со изливање на отпадни комунални и индустриски води во реките,морињата и езерата

-загадувања поради  современо земјоделство

-фрлање на отпади во водата

3.Загадување поради несреќа

Оштетени бродови кои транспортираат нафта во олуја, изливање на нафта од испукани нафтоводи во близина на води.

 

Зошто е ова битно?

Загадената вода  носи  големи ризици од многу заболувања  како колера, пролив и сл,а истите  се  шират многу  побрзо.Болеста значи одсуство на здравје.

Затоа да се бориме за безбедна  вода за секого од нас, и да ја подигнеме свеста дека чистата водата е непроценлива за секого.

 

NH-SO10-glass-water

 

Што е тема за 2016 година?

За оваа година темата е: “Вода и работни места. Подобра вода – подобра работа.”

Целта е да се подигне свеста за тоа како чиста вода може да го промени животот на работниците, па дури и се трансформира целиот општества и економии.

ОН дознав дека речиси половина од работоспособното население во светот (1,5 милијарди од нас) работат во секторите поврзани со водата, и речиси сите работни места не се  безбедни поради зависност и потреба од од водата. Постои и  нејзината  не сигурна достава до работните места.

Со подобрување на работничките  права, треба да се  подобри и пристапот до побезбедна вода, и така  може да се подобри животот на сите.

 

Подготвил

Др.Марија Врчковска, спец. по социјална медицина

Leave a Reply