21-28 февруари. Недела на борба против срцево-садови заболувања

Болести на срцето – причина број 1 за смртност кај Македонците. 

За разлика од пред 50 години, кога болестите на срцето и крвните садови најчесто ги напаѓаа постарите лица, сега сé повеќе се јавуваат и кај помладите. Така, има млади лица од 25-30 години со знаци на ангина пекторис или им се случуваат инфеткти а сето тоа се поврзува со начинот на исхрана и живот на населението. Според статистичките податоци над 59,0 % од смртните случаи во Македонија се предизвикани од срцевосадови заболувања.

e724d9bb8b36e7f2623b5ef23f826a7b-hero

Центарот за јавно здравје-Битола со волонтерите од Клубот 25 при ОО ЦК Битола со свои активности преку делење на пропагандни материјали, делење на здрава храна (овошје), учество на медиуми, предавања, мерење на крвен притисок и шеќер во крвта на случајни минувачи на Широк Сокак, се вклучија во одбележувањето на оваа недела која е прогласена за светска од страна на СЗО со цел да се подигне свеста кај населението за овие болести.

Битолчани можеа да ја измерат и вредноста на BMI (боди маса индексот) и им беа поделени показатели за вредноста на истиот, преку кои секој ке се најде во која група спаѓа.

Пресметување на BMI

ТТ- Телесна тежина

ТВ-Телесна висина

БМИ    = (ТТ х 100) / ТВ2

Толкување

< 18  – неухранети

< 18.5 слаб за висината

18.6-24.9-нормален

25-29.9  над nормала

>30 обезитас (гојазност)

 

 

 

Следењето на здрав начин на живот не мора да биде комплицирано, и не значи дека треба да се води живот на лично лишување. Напротив, најди начин да ги вметнеш здравите навики во твојот начин на живот – и можеш да живееш поздрав живот во годините што доаѓаат.

Фактори на ризик   

Мала телесна површина

Дебелина

Над 40 години старост

Претходни топлотни удари

Висок крвен притисок

Дијабет

Инактивност

Прекумерна физичка активност

Пушење и конзумирање алкохол

Ексцес на неадекватна масна храна

Висок холестерол во крвта

 

Подготвил

Прим.Др.Лиљана Милевска, спец. по социјална медицина

Повеке на линк

Leave a Reply