Светски ден на борба против СИДА

posted in: здрав живот | 0

Под мотото “Да дојдеме до нула случаи, информирај се, тестирај се, не дискриминирај” одбележан 1 Декември, Светскиот ден за борба за борба против СИДА

image-6bcd4121c209e9f9abdd3acb30634ed4c96c10822d0c8c607a571055636cddd0-V

ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола го одбележа 1 Декември, Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА   преку свечено доделување на наградите на учениците од основните и средните училишта  кои учествува на објавениот Награден конкурс за ликовни и/или литературни творби на тема СИДА.

Со мотото “Let’s get to zero”Get  informed, get tested, don’t discriminate”   стручните лица уште еднаш ја нагласуваат важноста од навремено информирање за ризиците кои можат да доведат  до зараза со ХИВ вирусот особено кај младите од 14 до 24 години.

Истовремено потсетуваат дека Советувалиштето за ХИВ/СИДА при ЈЗУ ЦЈЗ Битола нуди доверливо, анонимно и бесплатно советување и тестирање за лицата кои сакаат да го проверат својот ХИВ статус.

Leave a Reply