Вонредна дезинсекција на територијата на поплавените подрачја

Центар за јавно здравје Битола, во соработка со Министерството за здравство континуирано превзема активности за спречување на појава и ширење на вектор преносливи болести во регионот, а особено во најголемата житници во земјава – Пелагонија, каде зимоска под вода се најдоа околу 15.000 хектари

Утрово, во периодот од 05.00 до 08.00 часот со вонредната авиодезинсекција беа третирани 700 хектари во општините Битола, Новаци и Могила.

Паралелно со авиодезинскецијата, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола ќе врши и теристичко запрашување на терен. Теренот е мапиран во соработка со Регионалниот центар за управување со кризи, а се опфатени локациите на кои се утврдени поголеми површини со застојни води.

Следи изјавата на Прим.Др.Тони Коњановски за ТВ Орбис.

 

Leave a Reply