Препораки за заштита од топло време

posted in: здрав живот | 0

 

      • За време на топлиот период во денот (од 10 до 17ч.) избегнувајте напорни физички активности, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности. Неопходните работи завршувајте ги до 10ч или после 17ч.
      • Носете светла и лесна облека, (светлите бои ја рефлектираат светлината) а при на директна изложеност на сонце, ставете заштитни очила и капа.
      • Останете во затворени климатизирани простории (обичните вентилатори не помагаат кога температурата е над 35 степени целзиусови). Затворете ги прозорците и ролетните во текот на деноти,а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.
      • Пред употреба задолжитено миење на земјоделските, градинарските производи(свеж зеленчук и овошје)
      • Термичка подготовка на храната и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на +8 степени, а пред употребата да се загре на +100 степени.
      • Избегнувајте производи кои термички не се обработеним пр.мајонези од домашни јајца, а внимателно консумација на сладолед и разни кремови.
      • Внесувајте помало количество храна. Избегнувајте мрсна и високо-калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер.
      • Внесувајте големо количество текност(не чекајте да бидете жедни) почнувајќи од обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалоци. Одбегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалоци.
      • При неопходен престој на отворен простор најдете можности за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.
      • Туширајте се со студена вода повеќе пати во текот на денот. Алтернативно, ставете ладни облоги и чувајте ги нозете во студена вода.
      • Кога сте во своето возило-отворете го прозорецот за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото!
      • Хроничните болни, посебно тие со сдрцеви, невролошките и белодробните болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.
      • Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преселете се во постудено место колку пто е можно побрзо и измерете ја својата телесна температура.
      • Веднаш напијте се вода или негазиран минерален пијалак за да се рехидрирате.
      • Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на студено место и напијте се течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.

Консултирајте се со својот доктор доколку почуствувате невообичаени симптоми или ако симптомите траат подолго време!

     

    • Ако некој член од Вашето семејство или лице на кое помагате има топла и сува кожа или е во бесознание, веднаш повикајте 194!Додека се чека итната медицинска помош префрлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и колковите;Остранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени облози на вратот, пазувата и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода;Мерете ја телесната температура.Не давајте терапија;Ако лицето е во бессознание, не треба да лежи на грб, туку свртете го на страна.

     

     

     

    • Информациите за топлотните бранови континуирано се ажурираат и можат да се видат  на интернет страницата www.toplotnibranovi.mk.

    Leave a Reply