Препораки за поплавените подрачја

Мерки и препораки за населението во поплавените подрачја

 

  1. Во поплавените подрачја водата од локалните водоводи, бунари и други извори да не се користи за пиење, миење на рацете и забите, за подготвување на храна, за миење садови и миење на прехрамбени производи.
  2. Користете флаширана вода за пиење, а за останатите потреби користете превриена (најмалку 5 мин) вода.
  3. Во исхраната да не се користат намирници кои дошле во допир со вода од поплавените подрачја.
  4. Чувајте ја храната на суви, чисти и проветрени места.
  5. Мијте ги рацете со чиста вода и сапун пред подготовка на храна.
  6. Не им дозволувајте на децата да играат таму каде што се излеала водата од поплавата.
  7. Користете гумени чизми и нараквици при допир со вода од поплавените подрачја.
  8. Доколку забележите мрши од домашни животни и друга стока контактирајте ја ветеринарната служба.
  9. Ако почувствувате дека имате некој од следните симптоми: нагон за повраќање, пролив, температура, црвенило по кожата, задолжително да се јавите кај најблискиот доктор.

За поблиски информации обратете се во Центар за јавно здравје и во ветеринарната служба.

        ЈЗУ Центар за јавно здравје

      Битола

Тел. 047 208 100

Leave a Reply