Листериоза

Листериозата е сериозна инфекција која настанува по внесување на храна контаминирана со бактеријата Listeria monocytogenes.

Иако може да се манифестира како тешка, за среќа таа е релативно ретка инфекција регистрирана кај човекот. Најчесто се регистрира  кај одредени категории на население т.н. ризична популација, во која се вбројуваат постарите луѓе, бремени жени и нивниот плод во развој, но и новородени деца, имунокомпромитирани лица (лица со ослабен имунитет).

Годишната стапка на регистрирање на ова заболувањево поголем број на земји од
Европската  Унија  се  движи  од  2‐10  пријавени  случаи  на  1.000.000  жители
(0,3/100.000  жители),  асоцирана  со  висока  стапка  на  смртност  (30%  и  повеќе  кај
ризичните популации) и висок процент на хоспитализација (91%).
Во 2006 година листериоза била 5‐та од најчестите зоонозни инфекции регистрирани
во Европа, после Campylobacter, Salmonella, Yersinia, и VTEC‐инфекции.
Од 2006‐2010 стапката на пријавени потврдени случаи на листериа во земјите на ЕУ,
се одржува на приближно исто ниво (инциденца 0,33‐0,38/100.000). Во 2012 година,
бројот  на  пријавени  потврдени  случаи  на  листериоза  во  ЕУ  членките  бележи
покачување за 10,5 % во однос на 2011 година.
Во  САД,  оваа  бактерија  е  одговорен  за  околу  1600  случаи  на  заболување  и  260
смртни  случаи  годишно (инциденца  од 0,28/100.000)  и  е  трета  водечка  причина  за
смрт  кај  бактериските  инфекции  кои  се  пренесуваат  преку  храна,  со  стапка  на
смртност која ги надминува дури и Salmonella и Clostridium botulinum.
Високиот морбидитет  и морталитет на  оваа инфекција, како и високиот  процент на
хоспитализација  на  заболените  придонесе  за  согледување  на  важноста  на
заболувањето и добивање приоритетот за подобрување на надзорот.

PostListerija

Leave a Reply