Договори за деловна соработка

Во интерес на нашите клиенти – корисници на наши услуги, а за подобра реализација на наплатата на извршените услуги, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола нуди можност за склучување на Договори за деловна соработка.

Со договорите се утврдува предметот на договорот (кои анализи и услуги ќе се вршат), нивниот обем, начин и рок на реализација на договорот, како и начинот на плаќање. За сите оние кои склучиле Договор со ЈЗУ ЦЈЗ-Битола, а во зависност од видот и обемот на соработка, што влијае на висината на договорените износи, ЈЗУ ЦЈЗ Битола дава договорни попусти, кои се движат од 10 до 30% од редовните цени. 

Затоа, доколку сте постоечки корисник на наши услуги како што се:

  • санитарни прегледи,
  • хемиски и бактериолошки анализи на храна или вода за пиење,
  • анализи за квалитет и детекција на присуство на тешки метали во храна, накои пестициди и микотоксини во храна,
  • хемиски анализи на предмети за општа употреба,
  • брисеви од работни површини, опрема и прибор за јадење,
  • контролa на стерилизатор,
  • дезинфекција,
  • дезинсекција,
  • дератизација и др.
“истите се во поголем обем или често ги користите нашите услуги, Ви препорачуваме да склучите Договор за соработка со нашата институција, со утврден попуст.”