Социјалната медицина како наука ја анализира здравствената состојба на населението и ризиците кои негативно делуваат на здравјето, системот и организацијата на здравствената заштита, како и можностите  за примена на современите текови на науката во системот на здравствена заштита.

      
Одделението за социјална медицина, при ЦЈЗ Битола, како основни  ги  има  задачите и активностите кои се во рамките на Програмата за превентивна здравствена заштита на Р.Македонија.
       
       Контролира,  обработува, анализира и следи, демографските, витално-статистичките и здравствените показатели кои се релевантни за оцена на структурата, природното движење, здравствената состојба, примарната и секундарната здравствена заштита на населението као и организацијата на здравствената заштита во општините на  подрачјето на ЦЈЗ Битола.
       
        Ги обработува здравствено-статистички податоци од извештајните образци, предвидени со Законот за здравствена заштита на населението на Република Македонија, во кои се води евиденција  од областа на здравството во примарната, специјалистичко-кнсултативната и во секундарна здравствена заштита. Истите до сужбата се доставуваат од  опшествените и приватните здравствените организации.
 
       Статистичките показатели  за  примарната и секундарната здравствена заштита  континуирано се прибираат и анализираат, а се однесуваат на кадровска обезбеденост и  мрежата на здравствените организации, посетите, прегледите, регистрираниот морбидитет и морталитет со посебен акцент на хроничните незаразни заболувања (малигни заболувања, кардиоваскуларни, шеќерна болест, болести на зависност и др).
Податоците кои се однесуваат  на здравствената состојба и здравствената заштита на населението во општините на подрачјето на ЦЈЗ Битола, компјутерски се внесуват и обработуваат преку соодветни софтвери и се изготвуваат  тромесечни, шестмесечни и годишни извештаи, анализи, програми и планови  предвидени во работните  задачи на социјално медицинската дејност во согласност со Програмата за превентивна ЗЗ во Р. Македонија.
 
           Преку добиените податоци и дополнителни здравствени-истражувачки активности се врши мерење и проучување на здравјето на одделни категории на население како и валуацијата на  ефикасноста и квалитетот на здравствената заштита. Се укажува  на недостатоците и се дава стручно методолошка помош на соодветните здравсвени организации,
 
       По барање на општините на подрачјето на ЦЈЗ Битола,  во соработка со санитарно-хигиенската епидемиолошката служба во ЦЈЗ Битола, како и соодветните инспекциски служби, на Советот на општините  им поднесува извештаи кои се од интерес за соодветната општина и  изготвува предлог  програми  за заштита на здравјето на населението со локално значење а со цел правилно креирање на здравствената политика и одредување на здравствените ризици, нивно одстранување или спречување  на подрачјето на ЦЈЗ Битола.
 
       Врши планирање, координирање  и спроведување на активностите  од областа на  здравственото воспитување кои имаат за цел подигање на свеста за значењето на здравјето како и значењето на  превенција и рано откривање на заболувањата, а пред се на оние со социјално-медицинско значење. Тоа значи  како да се превенираат нездравите и ризичните начини на однесување и живеење? “Здравјето е најважен атрибут на живеењето, услов за обавување на секојдневните активности и за општа среќа.”
 
       Се превземаат и активности за промоција на здравјето и активности за  одбележување на  Светскиот ден на здравјето,Светскиот ден на борба против пушењето, малигните заболувања и заболувањата на кардио-васкуларниот систем.
 
       Во здравствено воспитните активности се вклучени  здравствени работници , психолози, социјални работници, стручни лица за заштита при работа.
Активностите  се одржуваат целата година во вид на предавања трибини, изготвување на здравствено воспитен материјал, радио и ТВ емисии

 

med_stats

 

Годишни извештаи и анализи