ДОВЕРЛИВО СОВЕТУВАЊЕ ЗА КОНТРАЦЕПЦИЈА И СПИ
Од 01.10. 2010 година во ЦЈЗ Битола отворено е Советувалиште за сексуално и репродуктивно здравје.

 

 

 

 

 
  • Во истиот работат два лекари од кои едниот е гинеколог, а другиот е специјалист по социјална медицина. Советувалиштето работи секој работен ден, освен во четврток, соба бр 11.
 
  • Во советувалиштето се делат бесплатни совети за: контрацепција, сексуално преносливи болести и ХИВ/СИДА, сексуалност, хигиена на гениталии, репродуктивен систем, пубертет, планирање на семејството, абортус, сексуално насилство, дроги, здрави животни навики и др. Се делат и бесплатни контрацептивни средства (кондоми и таблети) со предходно советување.