Од 22 јуни 2014 година во просториите на  ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола започна да функционира советувалиштето за одвикнување од пушење.

Целта на Советувалиштето е да се укажат штетните влијанија од пушењето, и колку никотинот му штети на здравјето на човекот, бидејќи пушењето е дефинирано како болест. Во советувалиштето ќе се прави евиденција на заинтересираните и во групи ќе се прави советувањето. Ќе има предавања за пушењето, за компликациите по здравјето кои настануваат од пушењето, како и советувања за бенефитите од престанувањето со пушењето.

Работното време на советувалиштето е два пати неделно, во  вторник и четврток од 13 до 15 часот.