ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА НА ПЛАЖИТЕ ВО ТЕК НА ПАНДЕМИЈА СО COVID-19 ИНФЕКЦИЈА
- Задолжително носење на лична заштитна опрема на лицето
- Сите посетители и вработени да почитуваат физичка дистанца од 1,5-2 метри
- Често миење на рацете со вода и сапун најмалку 20 секунди или употреба на средство за дезинфекција на раце на база на алкохол
- Редовно чистење и дезинфекција на средината
ИНФОРМИРАЊЕ НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ
- На видливи места на влезот и на самата плажа да се постави информативно- едукативен материјал за посетителите во однос на почитување на основните превентивни мерки и начинот на однесување. Дополнително да се врши гласовно информирање за потсетување на сите посетители да се придржуваат кон препораките.
НА ПЛАЖАТА
- Сите вработени лица и посетителите до влегување во вода задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето што подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата.
- Да се обезбедат на достапни и видливи места средства за дезинфекција на рацете (на база на алкохол во концентрација од 60-70% или друго средство со декларирано вируцидно дејство согласно упатството на производителот).
ЛЕЖАЛКИ
- Сите посетители и вработените лица на плажата да одржуваат физичка дистанца од 1.5-2 метри, вклучително и при престој во вода.
- Ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, максимум 15 посетители на 100 м² нето површина.
- Помеѓу индивидуалните чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, од кој секој чадор ќе обезбеди сенка за најмногу две лица (ова не се однесува на семејства со децa). Да се обезбеди растојание од 1.5-2 метри помеѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и после користењето на секој посетител. Секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.
- Групни спортови (како одбојка на плажа) се забрануваат.
- Задолжително да се одредат лица кои ќе го контролираат бројот на посетители (согласно погоре наведениот норматив) и спроведувањето на мерките.
- На достапни места соодветно на просторот да се постават корпи за отпадоци со капак.
САНИТАРНО-ХИГИЕНСКИ МЕРКИ
- Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење на тоалетите, на секои 2 часа (а по потреба и почесто) во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.
- Задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства Ограничување на бројот на корисници на санитарните јазли согласно големината.
ПРЕПОРАКИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ
- Вработените да се придржуваат кон препорачаните превентивни мерки.
- Редовно да ја следат својата здравствена состојба и доколку развијат болест или симптоми на респираторна инфекција: покачена телесна температура, треска, кашлица, отежнато дишење не треба да доаѓаат на работа сé додека не се јават на својот матичен лекар.
- Доколку вработениот имал близок контакт со потврден случај на КОВИД-19, задолжително да го извести својот претпоставен.
УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ
За користење на угостителски услуги се препорачува почитување на Протоколот за угостителска дејност во услови на пандемија со КОВИД-19.
Не се препорачува користење на гардероби на плажа!
https://vlada.mk/protokoli-koronavirus