ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА НА БАЗЕНИ ЗА ПЛИВАЧКИ КЛУБОВИ ВО ТЕК НА ПАНДЕМИЈА СО COVID-19 ИНФЕКЦИЈА
Задолжително носење на лична заштитна опрема на лицето-маска.
- Мерење на температура на влезот од базенот и задолжителна дезинфекција на рацете.
- Одржување на физичка дистанца од 1,5-2 метри меѓу вработените и посетителите.
- Поставување на видливи ознаки на подот на базенот кои ќе го покажуваат дозволеното физичко растојание.
- На видливи места на влезот и во самиот објект да се постави информативно-едукативен материјал за посетителите во однос на почитување на превентивните мерки и начинот на однесување.
- Секојдневна автоматска адекватна и континуирана дезинфекција на водата во базенот
- Обезбедување и одржување на максимални дозволени концентрации на хлор од 1 мг/л во тек на пандемија.
- Почитување на динамиката на земање на примероци вода од базенот за капење за микробиолошка и физичко-хемиска анализа од два пати месечно и по потреба.
ПРЕД ПЛИВАЊЕ:
- Пливачите да доаѓаат на базен со веќе облечени костими за капење и пливачка капа на себе со што родителите нема да се задржуваат во базенот.
- Опремата која се користи во текот на пливањето да се носи од дома.
- Да се носи шише со вода, со цел да се избегнува допирање на чешмите.
- Доколку некој од капачите или најблиското опкружување не се чувствува добро не е пожелно да се доаѓа на тренинг.
ЗА ВРЕМЕ НА ТРЕНИНГОТ
- Да се следат препораките за социјално дистанцирање и да се одржува растојание од 1.5-2 метри во самата патека и да се ограничи бројот на пливачи во патеката.
- За време на тренингот да не се прави физички контакт со другите, односно да нема ракување и прегрнување.
- Да не се допира лицето.
- Да не се дели опрема за пливање, пешкир или шише со пијалак.
- Да се намали одењето во тоалет и сите физиолошки потреби да се извршат пред доаѓање на тренинг.
- Да се држи социјална дистанца од другите пливачи во текот на одморот.
- Тренерите за време на тренингот да носат маски.
- Избегнување на контакт помеѓу групите.
ПО ТРЕНИНГОТ:
- Да се напушти базенот веднаш после тренинг.
- Туширањето да се прави дома.
- Да не се користат соблекувалните, туку само просторот околу базенот.
https://vlada.mk/protokoli-koronavirus