ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА НА БАЗЕНИТЕ ВО ТЕК НА ПАНДЕМИЈА СО COVID-19 ИНФЕКЦИЈА

  • Задолжително носењето на лична заштитна опрема на лицето
  • Одржување на физичка дистанца
  • Често миење на рацете со вода и сапун најмалку 20 секунди или употреба  на средство за дезинфекција на рацете  на база на алкохол
  • Редовно чистење и дезинфекција на средината

ПРЕД ВЛЕЗОТ НА ОБЈЕКТОТ

  • Пред билетарниците да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2 метри. Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5-2 метри или заштитна бариера. Да се препорача и практикува безконтактно плаќање со кредитни картички. Да се обезбеди и препорачува on-line купување на билети.
  • Пред влезот на објектот да се постави дезбариера (подлога) за дезинфекција на сите посетители и да се обезбедени средство за дезинфекција на рацете со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.
  • Средство за дезинфекција на рацете да се постави пред влезот на сите простории во објектот.

 

ИНФОРМИРАЊЕ НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ

На видливи места на влезот и во самиот објект да се постави информативно- едукативен материјал за посетителите во однос на почитување на превентивни мерки и начинот на однесување. Дополнително да се врши гласовно информирање за потсетување на сите посетители да се придржуваат кон препораките.

 

КОРИСТЕЊЕ НА СОБЛЕКУВАЛНИ

Користење на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување на ред и незадржување од страна на назначени лица од редарска служба. Зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои 2 часа (по потреба и почесто).

ВЛЕЗ ВО БАЗЕНСКИОТ ДЕЛ

  • При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете.
  • Сите вработени лица и посетителите до влегување во базенот задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето што подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата.
  • Одржување физичка дистанца меѓу вработените и посетителите од 1,5 – 2 метри вклучително и во базенските води.
  • Ограничување на бројот на посетители во објектот согласно квадратурата на објектот, максимум 15 посетители на 100 м² нето површина (вклучително и површината на базенот)  или  еден пливач на 7м² во базенот.
  • Задолжително да се одредат лица кои ќе го контролираат бројот на пливачи во базенот (согласно погоре наведениот норматив) и кои ќе го контролираат на спроведување на мерките.
  • Секој посетител треба да носи своја опрема и пешкири, не е дозволено користење на туѓа опрема.
  • На терасата на базенот се поставуваат лежалки на растојание од 1,5-2 метри. Секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби. Лежалките се дезинфицираат после и пред користење на секој посетител.
  • Секојдневна автоматска адекватна и континуирана дезинфекција на водата во базенот
  • Обезбедување и одржување на максимални дозволени концентрации на хлор од 1 мг/л во тек на пандемија.
  • Почитување на динамиката на земање на примероци вода од базенот за капење за микробиолошка и физичко-хемиска анализа од два пати месечно и по потреба.

Bazen

САНИТАРНО-ХИГИЕНСКИ МЕРКИ

  • Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот  или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.
  • Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите (на секои 2 часа) со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

 ПРЕПОРАКИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

  • Вработените да се придржуваат кон препорачаните превентивни мерки.
  • Редовно да ја следат својата здравствена состојба и доколку развијат болест или симптоми на респираторна инфекција: покачена телесна температура, треска, кашлица, отежнато дишење  не треба да доаѓаат на работа сé додека не се јават на својот матичен лекар.
  • Доколку вработениот имал близок контакт со потврден случај на КОВИД-19, задолжително да го извести својот претпоставен.

ЕВИДЕНЦИЈА НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ

Задолжително да се води евиденција за секој тренинг, организирана спортско-рекреативна активност или слободно користење на базенот од страна на граѓаните со цел полесно епидемиолошко следење во случај на појава на заразен со КОВИД-19. За секој посетител да се обезбеди податок за време и дата на посета/тренинг, име и презиме, телефонски број за контакт, име на тренерот/група/инструктор итн.

УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ

Не се препорачува користење на угостителски услуги.

ПРЕПОРАКИ ЗА БАЗЕНИ ВО СОСТАВ НА ХОТЕЛСКИ КАПАЦИТЕТИ

Во однос на отворените базените кои се во состав на хотелски капацитети се препорачува почитување на горенаведените препораки, со напомена користењето на базенот да биде дозволен само за гостите од хотелот.

https://vlada.mk/protokoli-koronavirus