Од 2005 година во надлежност на Центрите за јавно здравје во Република Македонија премина и организацијата и полагањето на стручниот испит (т.н.државен испит) на лицата што завршиле средно, више и високо образование од областа на медицината на територијата на Р.Македонија со следниве занимања:
 
  • Медицински лаборантски техничари;
  • Виши санитарни техничари – лабораториски аналитичари;
  • Висока – специјалист лабораториски аналитичар.
 
 
       За таа цел, а во согласност со Законот за здравствена заштита на РМ, при ЈЗУ ЦЈЗ Битола формирана е Комисија за полагање на стручни испити.
       
Потребна документација за полагање на стручен испит:
 
  • диплома – уверение за завршено образование;
  • лична карта;
  • стажантска книшка;
  • уплатница од 6.000 денари;
  • пријава;
       
        По поднесувањето на пријавата, на кандидатот веднаш ќе му биде закажан термин за полагање.  Полагањата се одржуваат секоја последна среда во месецот во 16 часот.