ОТСЕК ЗА БАКТЕРИОЛОГИЈА
 
Во лабораторијата за ентеро инфекции и урогенитални инфекции се испитуваат следните материјали:
 
  • Фецес;
  • Урина;
  • Сперма;
  • Урогенитални брисеви (брис од уретра, вулва, вагина и цервикс).
 
Видови испитувања:
  • Изолација и идентификација на Salmonella, Shigela, Clostridium defficile, а кај деца ентеропатогена E. Coli, Рота – Аденовируси.
  • Докажување на антиген на : Helicobacter pylori, Giardia lamblia во фецес, Clostridium dificile toxin 
  • Изолација и идентификација на уринарни инфекции: E. Coli, Proteus spp., Enterobacter Spp., Citrobacter Spp., Klebsiella Spp. и друго.
  • Изолација и идентификација на причинители на генитални инфекции: Streptococcus  aggalctiae, Streptoccocus faecalis, Gardnerella vaginalis , Mycoplasma, Ureoplasma, Chlamydia  и др.
  • Одредување на осетливоста на изолираните соеви спрема одредени антибиотици (антибиограм) со диск – дифузиона метода.
 
Во лабораторијата за респираторни и интрахоспитални инфекции се испитуваат следните материјали:
 
  • Брисеви од грло, нос, коњуктиви, уши, рани, пунктати, абсцес и др.
  • Трахеален аспират, искашлок, бронхијален секрет;
  • Крв за хемокултура;
  • Ликвор;
  • Брисеви од работни површини, предмети и друг болнички материјал за контрола на стерилност, по Програма за интрахоспитални инфекции;
  • Контрола на стерилност на физиолошки и други медицински раствори;
  • Биолошка контрола на стерилност на суви и влажни стерилизатори, автоклави.
 
Видови испитувања:
  • Изолација и идентификација на аеробни и анаеробни бактерии: Staphylococcus aureus, Streptococcus pyogenes (A, B, D), Streptococcus Pneumoniae, Haemophilus influenzae, Moraxella (Branchamella) catarrhalis, Neisseria Meningitidis, Bacteroides Spp., Candida species, Aspergillus spp. итн.
  • Одредување на осетливост на изолираните бактериски видови, спрема одредени антибиотици (антибиограм) со диск – дифузиона метода и Мини Апи идентификација (BioMerieux – Франција).
 
Идентификацијата на бактериските видови во овие лаборатории се врши со современа дијагностика (Мини Апи – идентификација), високо селективни подлоги, комерцијални Slidex тестови итн.
 
Одделот за припремање на бактериолошки подлоги, садомијална и стерилизација се вршат следните работи:
  • деконтаминација на бактериолошкиот материјал, негово миење , припремање за стерилизација и конечна стерилизација;
  • припрема на бактериолошки подлоги, варење, разлевање и нивна стерилизација.
 
Одделот за прием на материјали и издавање на резултати:
       Во одделот за прием на материјали и издавање на резултати се  врши прием на  материјал за микробиолошко испитување, а по извршените анализи се издаваат соодветните резултати. Тука е важно да ги споменеме и општите правила за земање на примероци од клинички материјали за микробиолошко испитување .
 
Општи правила за земање на примероци од клинички материјали за микробиолошко испитување:
НАПОМЕНА: Од начинот на правилно земање на материјалите за анализа, зависи и валидноста – точноста на добиените резултати. За таа цел треба да се води сметка за:
1. Примерокот (материјалот) мора да потекнува од местото на инфекција, како би се открил етиолошкиот причинител;
2. Примерокот да се земе во стерилни садови, кои добро се затвораат (стерилните садови се земаат од шалтер во ЈЗУ ЗЗЗ Битола);
3. Треба да се одбегнува контаминација со физиолошка флора;
4. Садот со примерокот треба да е обележан со име и презиме на болниот;
5. Упатницата која пропратно се испраќа треба да е јасно пополнета со јасни податоци за тоа кој материјал се испраќа, каква анализа се бара, возраст, пол , дијагноза, примена терапија и друго;
6. Примерокот по правило треба да се земе пред почеток на антибиотска терапија, а ако тоа не е возможно да се наведе или наведат применетите антибиотици.
 
Само со спроведување на овие пораки резултатите секогаш ќе бидат вистински сигурни.
 
 

ОТСЕК ЗА ПАРАЗИТОЛОГИЈА
 
       Отсекот за паразитологија ги испитува вегетативните и цистични форми на паразити